Вила на Кожуф – Приватно сместување во природа
3,075.00 ден
Вклучено во цена:
- 50 € од ноќ (работни денови, до 4 лица)
- 75 € од ноќ (работни денови до 6 лица / викенд до 4 лица)
- 100 € од ноќ (викенд до 6 лица)
- Минимален престој: 2 ноќевања.
- За празници, продолжени викенди, летна и зимска сезона, како и специјални датуми, цените може да бидат различни.
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вила на Кожуф – Приватно сместување во природа. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор по писмен пат со цена. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Доколку барате место каде ќе уживате во мир, свеж планински воздух и целосна приватност, оваа вила на планината Кожуф е вистинскиот избор. Лоцирана во близина на познатиот локалитет Смрдлива Вода, вилата е идеална за семејства, парови и помали друштва кои сакаат да избегаат од градската бучава и да поминат незаборавни моменти во природа.
Вилата се издава како цел објект, а не поединечни
соби, и располага со капацитет до 6 гости, при што најудобен престој
обезбедува за 4 лица.
Сместување
Вилата располага со:
- 2
спални соби
- Простран
дневен престој
- Камин
на дрва
- Телевизор
со кабловска телевизија
- Трпезарија
- Комплетно
опремена кујна
- Детско
катче
- Купатило
- Пространа
тераса со поглед кон природата
- Приватен
двор
Распоред на спиење
- 1
спална соба со брачен кревет (2 лица)
- 1
детска соба со 2 единечни кревети
- Петосед
на развлекување во дневниот престој за уште 2 гости
Вкупно: 4 лежаи и капацитет до 6 гости.
Комплетно опремена кујна
Гостите имаат на располагање:
- Фрижидер
со замрзнувач
- Електричен
шпорет со рерна и рингли
- Машина
за подготовка на кафе
- Електричен
бокал
- Садови
и прибор за готвење
Погодности
- Бесплатен
Wi-Fi интернет
- Приватен
паркинг
- Простор
за оставање велосипеди
- Камин
на дрва
- Електрични
грејни тела
- Приватен
двор
- Тераса
со поглед кон планината
Постелнината и пешкирите се менуваат по секои 3 ноќевања.
Локација
Вилата се наоѓа на планината Кожуф, во непосредна
близина на Смрдлива Вода, една од најпознатите природни атракции во овој
регион.
Што има во околината?
Во непосредна близина се наоѓаат:
- Смрдлива
Вода
- Минерален
сулфурен извор
- Планинска
река
- Пешачки
патеки
- Велосипедски
рути
- Брана
Конско
- Црквата
„Св. Илија“
- Ски
центар Кожуф
Оваа локација е идеална за љубителите на природата,
планинарењето, велосипедизмот и активниот одмор.
Соседство
Сместувањето се наоѓа во мирна планинска област, опкружена
со природа, чист воздух и приватност. Одличен избор е за:
- Семеен
одмор
- Парови
- Мали
друштва
- Работа
од далечина
- Викенд
бегство од градот
Check-in / Check-out
- Check-in:
по 14:00 часот
- Check-out:
до 11:00 часот
Клучевите ги предаваат домаќините по претходен договор со
гостите.
Дополнителни информации
- Максимален
капацитет: 6 гости
- Домашни
миленици: Не се дозволени
- Бесплатен
Wi-Fi
- Бесплатен
приватен паркинг
- Простор
за велосипеди
- Греење:
камин на дрва и електрични грејни тела
ЛОКАЦИЈА