Сместување: Куќата на Мијаците, Ростуше: Маврово, Македонија

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Сместување: Куќата на Мијаците, Ростуше: Маврово, Македонија. Ова сместување може да се резервира исклучиво за групи од над 10 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако сместувањето нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.


Макс. Капацитет : 30
Кревети : 15
Check In : 14:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Сместување - Куќата на Мијаците. Сместена покрај реката Радика, на патот кон Бигорскиот манастир, таа е изградена во традиционален мијачки архитектонски стил, користејќи камен и дрво, со внимателно изработени детали кои ја одразуваат преродбенската ера од 19 век.

Внатрешноста на „Куќата на Мијаците“ е украсена со традиционални дрвени тавани, розети, камини и мозаици, создавајќи автентичен амбиент. Ѕидовите се украсени со црно-бели фотографии од истакнати мијачки личности и сцени од секојдневниот живот, обичаи и носии, што дополнително го збогатува музејскиот аспект на објектот.

Располага со четири гостински соби во автентичен мијачки стил.

1. Соба Бигорски - двокреветна 

2. Соба Дуф - трокреветна

3. Соба Крчин - двокреветна

4. Соба Радика - трокреветна

Сите соби се модерно опремени со сопствена бања, бесплатни тоалетни производи, ТВ, ТВ канали, бесплатен Wi-Fi.

Check-in: 14:00-22:00

Check-out: 10:00-10:30

Сместувањето располага со ресторан каде може да вкусите традиционална македонска храна.

За гостите на хотелот има бесплатен паркинг, без претходна резервација.

Домашни миленици не се дозволени.

Сместена покрај реката Радика, блиску до Бигорскиот Манастир, Куќата на Мијаците комбинира традиционална архитектура, автентична храна и историска атмосфера. 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување