СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Селце со дрвени куќички и етно ресторан: Село Лешани

Ohrid
Цена од:

4,920.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем 4,920 денари за една куќичка до 4 лица
  • Цената може да варира
  • Греење/Ладеење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Летен сезонски базен

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 12
Кревети : 6
Check In : 11:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Етно комплексот се наоѓа во село Лешани, во општина Дебарца, кое селце е одалечено 28 километри од Охрид и е позиционирано на идеални 1028 метри надморска височина.

Во самото етно село има изградено и отворено три нови дрвени куќарки во кои можете да престојувате, а самиот комплекс има приватен базен достапен за сите гости.

Ваквите куќички или бунгалови располагаат со отворена галерија, една спална соба и кревет на развлекување кој може да го користат деца. Капацитетот на една куќичка е за 4 лица, што ги прави совршени за семејства или за парови.

Во склоп на комплексот има етно ресторан, а во близина има продавници, природа и секако чист планински воздух.

Секоја куќичка има дневна, мини кујна, тоалет и спална на спрат (отворена галерија).

Кујната е опремена со основните работи како прибор, фрижидер и малечка електрична рингла.

Сместувањето има Wi-Fi.

Сместувањето има приватен паркинг.

Максимален капацитет во една куќичка е за 4 лица, а просторот има 3 куќички.

Просторот има и летен сезонски базен достапен за гостите, детски парк во склоп на просторот.

Соседството е мирнo.

Check in: 10:00-20:00 часот
Check out: 06:00- 10:00 часот.

Клучот се подига при самото пристигнување.

Постелнината и пешкирите се менуваат на 3 дена доколку гостите останат подолг период.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици. Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

Вкупен број на кревети во една куќичка: 2 кревети.

Греење/Ладење: Клима.

Тука се наоѓа единствениот манастир на балканскиот полуостров посветен на Сите Светии (Си Свети) што е доста посетуван. Домаќините се организатори на планински прошетки на Илинска планина која е на 2000 метри надморска височина. Исто така посета на Мазатар планина или Сталев камен од каде што се гледаат Охридско и Преспанско езеро.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување