Модерни апартмани во Струмица
2,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за 2 лица во сместувањето 2,500.00 ден
- Цена за 3 лица во сместувањето 3,100.00 ден
- Цена за 4 лица во сместувањето 3,700.00 ден
- Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
- Греење/ладење
- TV/Wi-FI
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартманите во Струмица можете да ги резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Апартманите се наоѓаат во транзитната зона на самиот влез во Струмица, во близина на ресторанот „Пиликатник“. Локацијата е мирна и лесно пристапна.
Сместувачки капацитет
Вкупно 6 апартмани
5 апартмани за по 5 гости
1 апартман за 4 гости
Вкупен капацитет 29 гости
Вкупен број на кревети 18
Распоред на кревети
Во секој апартман има брачeн кревет, софа на пуштање за 2 лица и фотелја на пуштање за 1 лице
Исклучок е еден апартман кој има еден спален лежај за 2 лица и 2 поединечни кревети
Опременост на апартманите
Секој апартман има приватно купатило
Обезбедени козметички и хигиенски средства шампон, сапун, четка за заби, сет за бричење, капа за туширање
Кујна
3 апартмани имаат целосно опремена кујна
3 апартмани располагаат со бокал за топла вода, чаши, филџани и фрижидер
Обезбедени кафе, чај и сезонско овошје за добредојде
Бесплатен Wi-Fi и телевизија
Греење и ладење преку клима уреди
Паркинг и дополнителни услуги
Приватен, бесплатен паркинг веднаш пред апартманите
Простор за оставање велосипеди
Домашни миленици се дозволени
Пријава и одјава
Пријава од 12:00 до 22:00 часот
Одјава до 11:00 часот
Клучот го предава лице задолжено за пречек на гостите
Хигиена
Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 5 дена за подолг престој
Околина и атракции
Во близина има
Ресторани
Маркет
Модна куќа
Бензинска станица
Местоположбата е одлична за разгледување на градот и уживање во локалната гастрономија
ЛОКАЦИЈА