Хотелски комплекс Св.Наум - Охрид, Македонија

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Хотелски комплекс Св.Наум - Охрид, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.


Check In : 15:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Хотелски комплекс Св.Наум е лоциран на 28км од градот Охрид, непосредно до еден од најубавите и најзначајни манастири во Охрид - манастирот Св.Наум. Овде се погребани моштите на Наум, светецот кој бил верен следбеник на словенските просветители Кирил и Методиј.

Манастирот, хотелскиот комплекс и околината гледаат кон бескрајното синило на Охридското езеро и планината Галичица.

Хотелскиот комплекс Св.Наум со голема почит кон традицијата и историјата кон ова свето место одбира архитектура која целосно се совпаѓа со манастирскиот амбиент. Внатрешноста на комплексот е спој на модерно и традиционално.

Хотелот располага со шест двокреветни соби, 22 апартмани со поглед на Охридското езеро, ресторан со 150 места за седење, национален ресторан "Охридска соба" и бар. 

Хотелот Свети Наум располага со вкупно 28 сместувачки единици, вклучувајќи:

  • 6 двокреветни соби

  • 8 фамилијарни апартмани со по две одделни простории

  • 10 апартмани со дневна соба

  • 4 ексклузивни апартмани

Сите соби и апартмани се уредени со внимателно избран мебел во традиционален/рустичен стил. Поголемиот дел од нив нудат прекрасен поглед кон Охридското Езеро. Пространи бањи, мини бар, телефон, сателитска телевизија и ТВ се дел од стандардната опременост во секоја сместувачка единица.

Хотелот располага со простории за состаноци и конференции, прилагодени за различни настани:

  • Сала за состаноци со капацитет до 12 лица

  • Помала конференциска сала со капацитет до 50 учесници

  • Пространа конференциска сала со можност да прими до 150 лица

Хотелскиот комплекс располага со конференциски сали.

1. Сала за состаноци со капацитет до 12 лица

2. Помала конференциска сала со капацитет до 50 учесници

3. Пространа конференциска сала со можност да прими до 150 лица

Сите сали се опремени со потребната техника и алатки за успешна организација на настани, вклучувајќи проекционо платно, табли за пишување, флипчарт, телевизор и видео, телефон, факс, фотокопир и пристап до интернет.

Паркинг.

Домашни миленици не се дозволени.

Check-in: 15:00 
Check-out: 10:00


Околината на Свети Наум претставува еден од највпечатливите и најмирните предели покрај Охридското Езеро.Манастирот Свети Наум, основан во 9 век, е духовен бисер кој се издигнува над езерото и нуди волшебни погледи и чувство на мир. Во непосредна близина се наоѓаат изворите на реката Црн Дрим, со кристално чиста вода, богата флора и фауна, каде што посетителите можат да уживаат во романтични возења со чамец. Просторот е опкружен со густа шума, планински пејзажи и патеки за прошетка, што го прави идеално место за љубителите на природата, фотографијата и тишината. Целиот регион зрачи со автентичност и нуди совршено бегство од секојдневието.

Оддалеченоста до Свети Наум изнесува:

  • 199 километри од Скопје

  • 28 километри од Охрид

  • 37 километри од Струга

  • 37 километри од аеродромот „Свети Апостол Павле“

  • 116 километри од аеродромот „Александар Велики“

  • Само 600 метри од граничниот премин Свети Наум

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување