Вила во близина на кејот на Охридското Езеро
2,150.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за двајца за едно ноќевање
- Цената може да варира во зависност од периоднот, бројот на ноќевања и бројот на гости
- Греење/Ладење
- ТВ
- Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Сместување во Охрид во вила во близина на кејот на Охридското езеро. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата се наоѓа во Охрид, во близина на кејот на Охридското езеро.
Располага со шест соби од кои:
Две се двокреветни
Четири трокреветни (брачни и единечни).
Собите се комфорни, стилски дизајнирани и удобни, кои вашиот престој го прават пријатен, релаксиран и уникатен.
Опремени се со телевизор со рамен екран, фрижидер, клима уред, купатило и балкон. Во собите нема кујна.
Вилата има хортикултурно уреден двор во кој можете да уживате во опуштена атмосфера. Во близина има ресторани, пицерии и маркети, а на петнаесетина минути пешачење е градскиот плоштад, пристаништето, музеј куќата на Робевци, црквата СВ. Софија, плажите Сараиште и Куба Либре. Вилата е лоцирана на само неколку минути пешачење од ривиерата на Охридското езеро.
Пред вилата има голем бесплатен паркинг кој може да го користат гостите.
Исто така може да се остават велосипеди.
Во вилата има Wi-Fi
Сместувањето е по 13:00 часот
Одјавувањето е до 10:00 часот
Не е дозволен влез на домашни миленици
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Valentina Kolar-Jovanovska
18.09.2021 18:27
Dobar den, Koja e cenata za iznajmuvanje na cela vila za dve verei, 9 i 10 Oktomvri, za 6 vozrasni+3 deca?