Хотел Грин Центар Гили: Гостивар, Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Грин Центар Гили: Гостивар, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел Грин Центар Гили, со четири ѕвезди, е лоциран во Гостивар - Македонија.
Располага со тераса на покривот со панорамски поглед на градот.
Собите се модерно опремени од следниот тип:
- Семејна соба
- Делукс двокреветна соба со туш
- Делукс апартман со топла када
- Четирикреветна соба
- Делукс семејна соба
- Апартман со топла када
- Еднособен стан со тераса
Во сите соби има сопствена бања, бесплатни тоалетни производи, папучи, бањарки, фен за коса. Во собите има ТВ, минибар, бесплатен Wi-Fi. На барање на гостите се обезбедува пегла и даска за пеглање.
Во хотел Грин Центар има ресторан, огромна тераса со панорамски поглед, кафе бар/пица.
Појадокот се служи секое утро.
Во хотелот има фитнес и маса за билијард кои се слободни да се користат од страна на гостите на хотелот.
Грин Центар располага и со сауна.
За бизнис патувања достапни се соби за конференција.
Рецепцијата и услугата во соба се достапни 24/7 на македонски, бугарски, англиски, руски и српски јазик.
Check-in: 14:00-00:00
Check-out: 11:00-12:00
Нема достапен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени.
Локацијата е на 15 минути пеш од центарот на градот, Саат кулата, централната автобуска станица.
ЛОКАЦИЈА