Хотел Гранд Централ: Битола, Македонија

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Хотел Гранд Централ: Битола, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.


Макс. Капацитет : 70
Кревети : 35
Check In : 14:00
Check Out : 10:30
Климатизирано
Wi-Fi

Хотел Гранд Централ со четири ѕвездички е сместен во срцето на Битола на само неколку минути од главните атракции на градот. 

Хотелот располага со три типа на соби:

  1. Луксузна соба за четворица (27 м²) – со поглед на градината и планините.
  2. Луксузна соба за тројца (26 м²) – со поглед на градината и планините.
  3. Делукс соба за тројца (19 м²) – со поглед на градината и планините.

Собите во хотел Гранд Централ се модерно опремени со телевизор, фрижидер, телефон, радио, фен за коса, гардероба или плакар. Во бањата има тоалет, туш или када, папучи и тоалетна хартија, а дополнително се наплатуваат крпи и чаршафи. 

Во хотелот има бесплатен Wi-Fi, достапен во сите области.

Во склоп на хотелот има ресторан во кој можете да уживате во традиционални македонски специјалитети, грчка или италијанска храна и да уживате со пијалок во барот.

Хотелот има и летна тераса (градина).

Check-in: 14:00-23:30

Check-out: 10:30-11:00

Хотелот нема приватен паркинг, има јавен паркинг во непосредна близина, кој можно е да биде наплатен (не од страна на хотелот). Не е возможно да се направи претходна резервација за паркинг место.

Домашни миленици не се дозволени.

Гранд Централ е идеално место за престој во Битола, со одлична локација и квалитетна услуга. Погоден за бизнис патувања и тим билдинг настани.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување