Супер Домаќин

Дрвени бунгалови со базен во село Стрезовце

Kumanovo
Цена од:

3,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената е 3000 денари за наем на помалите куќички во кои собира до 4 лица (сите 4 треба да спијат во иста соба)
  • 6000 денари за поголемата куќичка со две спални соби (препорачана за семејства бидејќи има 2 спални соби)
  • Цената може да варира и да се намали доколку се повеќе од 3 ноќи
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Сезонски летен базен
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Дрвените куќички се потипишани на самите фотографии. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 14
Кревети : 7
Check In : 13:00
Check Out : 11:30
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

На само 18 километри од Куманово, на патот кон Крива Паланка, нашите куќички нудат мир и релаксација, опкружени со природни убавини.

Нашиот комплекс вклучува:

Три сместувачки единици:

·         Две помали куќички со отворен концепт, без преградни ѕидови (освен тоалетот). Секоја од овие куќички располага со брачен кревет и софа која може да се користи за дополнителни две места за спиење.

·         Една поголема куќичка со две спални соби и дневна соба со софа која исто така може да се користи за дополнителни места за спиење.

Секој апартман е комплетно опремен:

Кујна: Сите куќички имаат комплетно опремени кујни со садови, чаши и прибор за готвење.

Тоалет: Комплетно опремени тоалети.

Интернет: Бесплатен Wi-Fi во секоја куќичка.

Забава: Сателитска ТВ.

Комфор: Чисти постелнини и пешкири, кои се менуваат по секој гостин или на 2-3 дена во зависност од должината на престојот.

Тераса: Секоја куќичка има своја тераса со гарнитура за релаксација.

Базен: Базен со димензии 12x6 метри за летно освежување. До базенот има летниковец со скара која може да ја користат гостите.

Греење и ладење: Регулирано со клима уреди.

Паркинг: Приватен паркинг за околу 20 возила, со дополнителен простор пред капијата.

Атракции и активности во околината:

Посетете ги Манастирот Св. Јован Богослов и Црквата Св. Отец Прохор Пчински.

Истражете ја Мегалитската опсерваторија Кокино и Камените кули во Куклица.

Прошетајте по околните ридови насадени со борова шума или по течението на реката Пчиња.

Капацитет:

Сместување: Максимален капацитет за спиење е 14 лица. Во угостителскиот дел може да се сместат 45 лица внатре и уште 20-тина на отворената тераса, а околу базенот се идеални за организирање поголеми прослави.

Check in: 13:00 часот
Check out: 11:30 часот

Сместувањето се наоѓа на мирна и тивка област идеална за одмор.

Клучот се подига од домаќините.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањањето располага со простор за остава на велосипеди.

Греењето и ладењето е со клима уред.

Вкупен број на кревети: 7 кревети од кои 4 бранчи кревети и 3 гарнитури на развлекување.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Bojan Stojkovski

    17.09.2024 08:21

    Drvenite kukjarki na Stefan i Lile se odlicno mesto ako sakate da pobegnete od gradskite guzvi. Samite kukjarki se odlicni, topli, so se potrebno. Nie bevme so kuce, i se iznauziva vo dvorot koj e celosno zagraden. Stefan I Lile se super domakjini

  • Goran Stankovikj

    20.07.2024 12:24

    Sakam 2 noki na 27 i 28.07.2024 cena ako moze Mi treba za 2ca

  • Damir Bacevac

    17.07.2024 18:25

    Zdravo, me interesira dali e mozno I koja e cenata za smestuvanje za 2 lica od sabajle 9 10h do 18h so toa sto ne e vazno x e tocno izbraniot datum tuku moze I drug vo blizina.. Celta e da se iskoristi denot za soncanje, znaci bez nokjevanje. Vi blagodaram.

  • Катарина Илиоски

    15.07.2024 10:53

    Дали имате слободни термини за 19.07 доаѓање попладне, 20.07, со тоа што си одиме на 21.07 -вечерта, во малите бунгалови? Сакаме да резервираме 2 мали бунгалови во овој период а може и 20.07 доаѓање наутро, 21.07 и да си одиме на 22.07 - попладне/вечерта. Ви благодарам.

  • Hristina Mladenovska

    06.07.2024 17:20

    Telefon za kontakt

  • Pavlina Sajovic

    06.07.2024 08:52

    Zdravo! Me interesira smestaj za dvajca za edna nok.Pozdrav

  • Ivana Nikolovska

    05.07.2024 13:49

    Zdravo Imate li slobodno od 3-7 Avgust?