Вила на врвот на Пештани

Ohrid
Цена од:

15,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела куќа
  • Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Паркинг
  • Wi-Fi
  • Клима
  • Греење
  • Машина за алишта
  • Кабловска

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 10
Кревети : 10
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Сместувањето се наоѓа на највисоката точка во Пештани и ви го нуди најдобриот поглед кон езерото и планината.

Вилата располага со 2 дневни соби од кој едната е уредена во рустичен стил со камин, фул опремена голема кујна, 3 купатила и дополнителен тоалет, 5 спални соби, 3 балкони и 3 големи тераси и огромна зелена градина.

Максималниот капацитет е за 10 луѓе.

Доколку немате потреба од цела вила, секако може да изнајмите апартман или бунгалов во истата.

Секако има и бесплатен паркинг, бесплатен интернет и тв со Netflix и кабелска Max tv.

Апартманите се целосно опремени. Во нив има 2 внатрешни кујни во куќата и две надворешни. Внатрешните кујни се целосно опремени.

Вилата има wi-fi.
Располага со свој приватен паркинг кој го има пред самата вила. Во околината се наоѓаат повеќе ресторани, аптека и маркети.

Вилата ви нуди неверојатен поглед од вашата тераса кон Охридското Езеро, планината Галичица и прекрасното Пештани.

Исто така, покрај самата вила поминува мала река, покрај која има простор за одмор, кое е дефинитивно совршено место за утринско кафе.

Вилата има огромна зелена градина, има 4 големи тераси со поглед кон езерото и планина, исто така вилата има затворена тераса со камин во рустичен стил, а исто така има и камин на отворено кој е идеален за подготовка на вашата храна.

Дневните соби се модерно уредени и во целост опремени за вашите потреби. Сместувањето ви нуди: Комфор, удобност и квалитет и секако најбитното да се чувствувате како дома. Таа се наоѓа во тивка област и е највисоката точка во Пештани. Соседството на вилата е тивко.

Сместувањето е по 13.00 часот.
Објавувањето е до 10.00 часот.

Клучот се подига од домаќинот, којшто е секогаш тука да помогне за било што.

Дозволено е чување на миленици само во дворот, но не и во внатрешните простории на вилата. Вилата има простор за чување на велосипеди.

Пештани има одлична географска положба. Се наоѓа помеѓу Охрид и Св. Наум. Исто така во близина на вилата е и музејот на вода "Заливот на коските" оддалечен само 4 км од Пештани. Секако тука е и националниот парк Галичица.

На подолг период се менуваат пешкирите и постелнините.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Vlatko Kostovski

    04.04.2022 16:51

    Pocituvani Dali e slobodna vilata za period 22-25 april , i koja e cenata za 4 vozrasni i 5 deca