Грција
Апартмани во Неа Флогита
Сместување во Грција
Вклучено во цена:
- Минимална цена од ноќевање
- Цените се истакнети во опис
- Wi-Fi/TV
- Јавен паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Infinity Apartment се наоѓат на 50 метри од
морето веднаш позади паркот во Флогита
на улицата Понтои, позади познатата слаткарница Sweet beach и во непосредна
близина на Pastazzi.
Располагаме со две соби секоја со своја бања.
Во главната поголема соба сместен е брачен
кревет и аголна гарнитура во која можат да се сместат максимум 4ца и располага
со своја бања и тераса со поглед кон страната на морето.
Во другата помала соба сместен е брачен и
помошен кревет во која можат да се сместат максимум 3ца и располага со своја
бања и мала тераса. Двете соби се поврзани со мал ходник во кој е сместена мала
кујна која би била на располагање на двете соби.
Собите располагаат со ТВ, клима во секоја
соба, фен, постелнини и крпи.
Кујната се наоѓа во коридорот кој ги оделува
двете соби и е опремена со голем фрижидер, мала плотна, мијалник, кафе машина Dolce
Gusto и машина за перење алишта.
Објектот располага со Wi-Fi.
Вилата во која се наоѓа апартманот располага
со непосредно место за паркинрање пред неа, а во близина од 10 метри има и
слободен паркинг кај паркот во Флогита.
Максималниот капацитет е 7 луѓе.
Во околината се наоѓаат најпознатите плажи во
Флогита како за млади со забави, коктели и вкусна храна (Pastazi) така и за
фамилии со мали деца (Razmataz) каде водата е плитка на првите 7-10 метри и децата безгрижно би можеле да играт. Позади
уличката каде што се наоѓа апартманот има супермаркети и месара која приготвува печено месо
(пилешко, секаков вид на скара и сл.). А навечер тука се и рестораните со
вкусна морска храна.
Апартманот е совршен за две фамилии секоја со
1-2 мали деца, каде комотно би уживале во секое катче, кое е дизајнирано со
многу љубов и колорит кој е инспириран од морето и летото. Флогита е мирно место каде би можеле да поминате прекрасни
моменти со вашите најблиски, како со возење на велосипед на улиците покрај
морето, на убавите песочни плажи во
текот на денот, така и во луна парковите за деца и ресторанчиња со вкусна
морска храна.
Сместувањето се наоѓа во една избалансирана
средина (улица) која не е веднаш во првиот ред каде навечер има најголема
фреквентност, ниту пак во најмирните улици на крајот, туку токму на вториот ред
каде се е блиску а сепак далеку од врева за мирен сон во текот на ноќта.
Терминот
за сместување е секогаш по договор со гостите.
Терминот за одјавување е секогаш по договор со
гостите.
Клучот го дава одговорниот за одржување на
апартманите, а некогаш и сопственикот.
Во апартманот има доволно пешкири за 10 дена,
како и резерва постелнина која може да се користи.
Флогита се наоѓа на почетокот на првиот крак и
препорачливи блиски места се градчето Афитос кое топло го препорачуваме и се
издвојува со својата уникатна и автентична архитектура, како и Калитеа за младите.
Не е дозволен влез на домашни миленици.
ЈУНИ
01-10------75 €
11-20------85 €
21-30------90 €
ЈУЛИ
01-10------90 €
11-20-----100 €
21-31-----100 €
АВГУСТ
01-10-----100 €
11-20-----100 €
21-31------90 €
СЕПТЕМВРИ
01-10------75 €
11-20------60 €
21-30------50 €
ОКТОМВРИ
01-10------45 €
11-20------40 €
21-31------40 €
КОНТАКТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ: 070 214 701
-
Дебарски регион
-
Демир Хисар регион
-
Прилепски регион
-
Беровски регион
-
Кичевски регион
-
Крушевски регион
-
Копаоник регион
-
Ресенски регион
-
Струмички регион
-
Струшки регион
-
Попова шапка регион
-
Вевчански регион
-
Македонски Брод регион
-
Скопски регион
-
Дојрански регион
-
Косово
-
Регион на Демир Капија
-
Регионот на Виница
-
Регион на Свети Николе
-
Мариово и мариовски регион
-
Регион на Радовиш
-
Караџица регион
-
Делчевски регион
-
Гевгелиски регион
-
Кумановски регион
-
Неготински регион
-
Охридски регион
-
Бугарија
-
Грција
-
Битолски регион
-
Лесновски регион
-
Преспански регион
-
Гостиварски регион
-
Црна Гора
-
Регионот на Чашка
-
Мавровски регион
-
Србија
-
Кочански регион
-
Велешки регион
-
Крива Паланка регион
-
Кратовски регион
-
Пехчевски регион
-
Кавадаречки регион