Нова и модерна вила со базен во Полихроно

Grcija
Цена од:

3,382.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цените за сезона 2024 се фиксни и не варираат и нема исклучоци
  • Цените се изразени за наем на цел апартман од ноќ
  • Цените на сите апартмани се истакнати во опис, гостите треба да ги погледнат и да испратат барање за каков апартман сакаат да резевираат
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Летен сезонски базен

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локација
  • Храна

Прочитајте го внимателно и детално објаснувањето. Доколку ги прифаќате условите испратете барање со селектирање на датумите кои вам ви одговараат и називот на апартманот кој сакате да го резервирате (Пример Апартман на приземје) и очекувајте потврда на мејл.


Макс. Капацитет : 36
Кревети : 27
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Вилата е достапна за резервации на минимум 2-3 ноќевања во месеците април, мај, септември, октомври и зимскиот период, а на мимумум 5 ноќевања во летната сезона или месеците јуни, јули и август.

Вилата има модерно опремени апартмани, со нов и модерен ентериер. Вилата има базен достапен за сите гости, преубаво хортикултурно уредено дворче, бар со масички и лежалки покрај самиот базен.

Вилата има апартмани кои имаат по 4 редовни легла. Секој апартман има опремена кујна, кулатило со тоалет, тераси. Поскапите апартмани имаат пространи тераси со поглед и лежалки.

Вилата има бесплатен паркинг, бесплатна Wi-Fi конекција.

Вилата е одалечена на 250 метри од плажа и 400 метри од центарот.

Секој апартман е опремен со клима уред, плазма телевизор, во купатилото има туш кабина, фен за коса. Сите апартмани имаат посебен влез. Во апартманите има и пешкири и постелнина.

Опис на апартманите:

  • Апартман на приземје:

Овој климатизиран апартман има приватен влез и има 1 дневна соба, 1 посебна спална соба и 1 бања со кабина за туширање и фен.

Апартманот има кујна опремена со фрижидер, прибор и тостер за готвење, простор за чување на храна. Апартманот има тераса и телевизор. Апартманот е 33м2.

Апартманот има три кревети, од кои еден е брачен кревет и два единечни кревети споени како седмосед. Фотографиите од апартманот можете да ги погледнете во албумот. Потпишани се како „Апартман на приземје“

  • Апартман со една спална соба:

Апартманите се наоѓаат на прв или втор спрат и се поскапи од апартманот на приземје, а се идентични. Внатре имаат една дневна соба и една спална соба. Апартманот има 3 кревети од кои еден брачен кревет и два единечни кревети споени како седмосед. Купатило со туш кабина и фен. Опремена кујна и тераса. Достапно Wi-Fi.Со приватен влез, овој климатизиран стан се состои од 1 дневна соба, 1 посебна спална соба и 1 бања со туш кабина и фен. Терасата има поглед кон море. Големината е 32 м2. Фотографии од апартманот можете да погледнете во галеријата погоре потпишани како „Апартман со една спална соба“.

  • Делукс апартман:

Делукс апартманот има големина од 35 м2, има една спална соба, една дневна соба и едно купатуло со туш кабина и со фен. Апартманот има целосно опремена кујна со фрижидер, прибор и тостер. Апартманот има балкон со поглед на море и има и телевизор.

Апартманот има три кревети, од кои еден брачен кревет и два единечни кревети споени како седмосед. Предноста на делукс апартманот е пространата тераса на која гостите имаат и лежалки.

Фотогрфии од апартманот можете да погледнете во галеријата, потпишани како „Делукс Апартман“.

  • Супериор Апартман

Исто како и остататите апартмани, апартманот има свој посебен влез. Има една спална соба, дневна соба, тераса со масички и столчиња, клима уред, телевозир. Терасата има поглед кон море.

Апартманот има опремена кујна, со прибор и тостер. Има Wi-Fi, паркинг. Апартманот има три кревети од кои еден брачен кревет и два единечни спомени како седмосед.

Фотографиите од апартманот можете да ги погледнете во галерија потпишани како „Супериор Апартман“.

  • Check in: 13:00 часот
  • Check out: 11:00 часот

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици.

Цените на апартманите се фиксни и не варираат. Доколку сакате да извршите резервација испратете барање со селектирање на датумите од-до. Секое барање кое не ги исполнува општите политики од минимум 2 до 3 ноќевања вон сезона и 5 ноќевања во сезона ќе биде одбиено.

За резервација потребно е да се изврши уплата на депозит од 10%, а остатокот се доплаќа на 15 дена пред пристигнување.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Dushica Milevska

    25.08.2024 17:21

    Zdravo, me interesira dali ovaa vila ima 3 slobodni apartmani za 7/8 i 9 septemvri? Blagodaram