Апартман на сама плажа во Муриес – мирен одмор помеѓу Дионисиос и Флогита
7,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Наем на цел апартман: 7.500 денари / ноќевање
- Цената може да биде повисока во ек на сезона
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Танспорт до сместувањето
- Храна
Апартман на сама плажа во Муриес – мирен одмор помеѓу Дионисиос и Флогита. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Доколку сонувате за одмор покрај море, далеку од гужвата, а сепак во близина на сите потребни содржини, овој комплетно опремен апартман во Муриес, Грција е одличен избор. Сместен на самата плажа, во мирна и безбедна околина, нуди идеални услови за релаксирачки семеен одмор.
За сместувањето
Апартманот располага со:
- Една
дневна соба
- Една
спална соба
- Еден
брачен кревет
- Еден
единечен кревет
- Софа
на отворање
Вкупно има 3 кревети и максимален капацитет до 4 гости.
Опременост
Апартманот е комплетно опремен и располага со:
- Целосно
опремена кујна
- Бесплатен
Wi-Fi интернет
- Клима-уред
за греење и ладење
Сè е подготвено за удобен и безгрижен престој.
Паркинг
На гостите им е обезбеден приватен паркинг.
Локација
Апартманот се наоѓа во Муриес, Грција, на самата
плажа.
Локацијата е особено атрактивна бидејќи:
- има
директен пристап до плажата;
- се
наоѓа на околу 10 минути пешачење до Дионисиос и Флогита;
- е
сместен во многу мирна околина, идеална за одмор.
Соседството е мирно, пространо и многу безбедно.
Што може да посетите во околината?
Од апартманот започнува пешачка патека која води до:
- Флогита
- Дионисиос
Плажата се протега непрекинато до двете туристички места,
што овозможува долги прошетки покрај морето, уживање во зајдисонцето и лесен
пристап до бројни ресторани, кафулиња и плажни барови.
Пријава и одјава
- Check-in:
од 11:00 до 18:00 часот
- Check-out:
до 10:00 часот
Гостите ги пречекува еден од сопствениците, кој лично го
предава клучот.
Хигиена
При пристигнување, гостите добиваат чиста постелнина и
пешкири.
Дополнителни информации
- Домашни
миленици не се дозволени.
- Обезбеден
е простор за оставање велосипеди.
ЛОКАЦИЈА