СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Модерен апартман во срцето на градот: Охрид, Македонија

Ohrid
Цена од:

2,700.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Во просек се движи од 2.000 - 5.167 денари за едно ноќевање
  • Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартманот во Охрид можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 2
Check In : 14:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Локација

Апартманот се наоѓа во самиот центар на градот, на само 50 метри од Старата чаршија и 500 метри од градскиот кеј. Сместен е на третиот кат во нова станбена зграда со лифт.

Сместување

Станува збор за еднособен апартман кој се состои од посебна спална соба и дневна просторија. Апартманот има капацитет за до 4 лица и располага со брачен кревет и тросед на развлекување.

Опременост

Апартманот располага со:

  • Целосно опремена кујна
  • Сопствено купатило
  • Балкон
  • Машина за перење
  • Бесплатен Wi-Fi
  • Клима уред

Паркинг

Обезбедено е едно приватно паркинг место, кое се наоѓа на само 50 метри од зградата.

Во близина

Во непосредна близина се наоѓаат бројни традиционални ресторани, а во самата зграда има банкомат. Благодарение на одличната локација, сите главни знаменитости и атракции се лесно достапни пеш.

Пријавување и одјавување

Check-in: 14:00 – 22:00

Check-out: до 10:00

Гостите можат да изберат помеѓу self check-in или лично преземање на клучот од домаќинот.

Дополнителни информации

  • Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 5 дена.
  • Домашни миленици не се дозволени.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Ема Петковиќ

    03.03.2026 10:26

  • Angela

    13.03.2024 20:13

    Одлично сместување. Прекрасно опремено, буквално се што ви е потребно. Одлична локација.