Вила во населба Далјан, Охрид
550.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена по лице од ноќевање (минимум 2 лица)
- Wi-fi
- Паркинг пред вилата
- Флексибилно сместување
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна за време на престојот
Вилата е лоцирана во западниот дел на Охрид, во населбата Далјан на 100 метри од брегот на Охридско езеро. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Сместувањето се наоѓа во западниот дел на Охрид, во
населбата Далјан, на само 100 метри од брегот на Охридското Езеро. Лицето на
објектот е свртено кон исток и предните соби нудат прекрасен поглед кон
Самоиловата тврдина. Внатрешноста е украсена со многу антиквитети и сувенири
кои се карактеристични за Македонија. Објектот е на 15 минути пешачење од
самиот центар на градот и на 100 метри од плажата на езерото, што овозможува
удобен и пријатен престој без потреба за користење на превоз.
Гостите можат да уживаат во летната бавча со убаво уредениот
двор, полн со разновидна флора. Во дворот има и мини кујна за користење на
гостите.
Сместувањето се состои од 12 студија, кои се уредени со вкус
и нудат пријатна и тивка атмосфера. Секоја соба има своето приватно купатило,
ТВ со кабелска телевизија, интернет приклучок и мини фрижидер. Студијата се
распоредени во три ката со два влеза.
Од 12-те студија, 8 се трикреветни и 4 се двокреветни.
Чек-ин: од 12:00 часот
Чек-аут: до 10:00 часот
Гостите ги подигнуваат клучевите директно во објектот.
Постелнината и пешкиритe се менуваат за подолг престој.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Tanja Velickovska
07.08.2024 16:34
Mi treba 2 aprtamani cetvorokrevetni i 1 trokreveten od 15.08-17.08
-
Кристијан Гиевски
18.07.2024 16:36
Поздрав дали имате слободно за 4рица од 28 јули до 3 август? И цена ако може студенти сме?