СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Вила на Попова Шапка на пет минути од ски стазите

Popova Shapka
Цена од:

10,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената во ек на сезона се искачува до 10.500 од ноќ
  • Цената варира во зависност од бројот на гости, период и број на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 8
Check In : 11:00
Check Out : 09:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Pet Friendly

За вилата

Вилата има дрвен ентериер и се наоѓа во мирна област, опкружена со семејни викендички. Идеална е за планински одмор, пешачење и активности во природа.

Распоред и капацитет

На приземјето има голема просторија со дневна соба, трпезарија и кујна. Просторот е опремен со гарнитура за седење, телевизор со Total TV и трпезариска маса. Купатилото со тоалет се наоѓа на истиот кат.

На горниот кат има четири спални соби и голема тераса со прекрасен поглед:

  • Три спални соби со брачен кревет
  • Една спална соба со два единечни кревета

Собите се опремени со кревети и наткасни. Максималниот капацитет е 8 лица, вклучувајќи деца.

Удобности

  • Целосно опремена кујна со основен прибор
  • Wi-Fi со добра брзина и стабилност, погоден и за работа на далечина
  • Приватен паркинг
  • Дополнителен отворен паркинг на околу 20 метри од вилата
  • Безбедна, затворена просторија за оставање велосипеди
  • Постелнината и пешкирите редовно се менуваат

Активности во околината

Во близина има планинарски патеки до Јелак, Лешница и Титов Врв, како и велосипедски патеки. Домаќините можат да организираат планинарење и јавање коњи. Во околината има можности за изнајмување коњи и ATV возила, а кон крајот на летото и за берење боровинки.

Пријавување и одјавување

  • Пријавување: од 11:00 часот; можно е и порано ако нема претходни гости
  • Одјавување: до 09:00 часот; можно е подоцна ако нема најавени нови гости
  • Клучот го предаваат сопствениците, кои ги запознаваат гостите со сместувањето и околината

Домашни миленици се дозволени со претходен договор.

Цена

Цената зависи од периодот, бројот на ноќевања и бројот на гости.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Vojkan Andonovski

    17.11.2025 18:42

  • Bojan Manev

    29.12.2024 21:46

    Preubavo, na ubava lokacija blizu ski stazite, toplo go preporachuvam na sekoj