Апартмани во Струга: Идеално семејно сместување.
1,800.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цел објект: 1800 ден
- Цена за 2 лица во сместувањето 1200 ден
- Цена за 3 лица во сместувањето 1800 ден
- Цена за Возрасен лица во сместувањето 600 ден
- Цена за Дете лица во сместувањето 300 ден
- Цената може да варира
- Греење/Ладење
- TV
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Апартманот се
наоѓа на улица. Димче Ковачески бр.30, Струга.
Апартман (вкупно 2 возрасни и 2 деца или вкупно 3 возрасни)
Апартманот има една дневна соба, една спална соба, и едно
купатило. Во дневната соба има кујна и тераса. Спалната соба располага со еден
брачен кревет и софа кревет во дневната соба. Поседува и помошен кревет кој
доколку е потребно, може да се донесе. Апартманот се наоѓа на четврти спрат со
поглед кон градот и опремен е со клима. *Сопственикот има уште еден апартман
(студио) со поглед на езеро. Двата апартмани се еден до друг.
Кујната е опремена. Има фрижидер и плинско решо. Има маса и
столови. Ако нешто недостасува, сопственикот е достапен во секое време.
Апартманот нема Wi-Fi.
Нема приватен паркинг во зградата. Има паркинг со наплата
одма спроти зградата. Има бесплатен паргинг на 30 метри од зградата.
Апартман - спалната соба е за двајца возрасни и во дневната
соба капацитетот е уште за две деца. Вкупно 2 возрасни и 2 деца или вкупно 3
возрасни.
Апартманот се наоѓа во центарот на Струга. Во околината има
неколку супермаркети. Првиот супермаркет „Кипер“ е наспроти зградата. Плажата
се наоѓа на 150 метри. Пазарот се наоѓа на 30 метри. Чаршијата се наоѓа на 80
метри.
Од атракции, во околината има теретана, ракометно игралиште,
кафичи и ресторани.
Сместувањето се наоѓа во туристичка област и пријатна
средина.
Соседството е семејно, пријатно и тивко.
Терминот за сместување е од 11:00 часот. Но, исто така
флексибилно во зависност од потребите.
Терминот за одјава е 10:00 часот. Но, исто така флексибилно
во зависност од потребите.
Клучот го дава сопственикот, истиот со кој што разговараат
на телефон.
Постелнината се менува во зависност од времетраењето на
престојот.
Во околината може да се прошета до езерото и кафичите.
Сместувањето не
дозволува влез на домашни миленици.
Сместувањето има
простор за остава на велосипеди.
Вкупниот
број на кревети во објектот е еден брачен кревет и софа кревет во дневната
соба.
Греење и ладење
на струја.
ЛОКАЦИЈА