Апартмани во Охрид во центарот на градот

Ohrid
Цена од:

7,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цел објект: 7,000.00 ден
  • Цена за 2 лица во сместувањето 1,800.00 ден
  • Цена за 3 лица во сместувањето 2,700.00 ден
  • Цена за 5 лица во сместувањето 4,200.00 ден
  • Цена за 8 лица во сместувањето 7,000.00 ден
  • Цената може да варира
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Booking.mk: Апартмани во Охрид. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 8
Check In : 11:00
Check Out : 10:00
Паркинг
Wi-Fi

Апартманите се лоцирани во централно градско подрачје во близина на Охридска Банка, пожарната и полицијата во Охрид.

Објектот располага со 3 студиа, две трикреветни и едно двокреветно студио.

Удобно и пријатно сместување во центар во Охрид. Комплетно нови опремени две трикреветни и едно двокреветно студио со посебни кујни, бањи, кабелска ТВ, интернет, фенови за коса, пешкири, посебни влезови, паркинг и дворче за уживање.

Сместувачките единици имаат комплетно опремени кујни.

Има Wi-FI.

Има сопствен паркинг веднаш до апартманите

Максималниот капацитет во сите три студиа е за 8 лица.

Во непосредна близина се лоцирани неколку поголеми маркети, хотели, кафе барови, автобуска и такси постојка, како и Градскиот пазар во Охрид.

Самоилова Тврдина 1.2 км, Антички Театар 1 км, Света Софија 1.5 км , Пристаниште 900 метри .Мирна и тивка област за одмор и уживање

Соседството е гостопромливо и љубезно.

Check in: 11:00 часот
Check out: 10:00 часот

Клучот се подига од домаќинот.

Постелнината и пешкирите се менуваат зависи од престојот и секако се почитуваат желбите и потребите на гостите.

Сместувањето е во центар . Во непосредна близина се лоцирани неколку поголеми маркети, хотели, кафе барови, автобуска и такси постојка, како и Градскиот пазар во Охрид.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

Вкупен број на кревети: 8 кревети.

Греење/Ладење е: Со панели за греење во зимскиот период. Во летниот период се природно ладни, бидејќи се на високо приземје.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Викторија Николовска

    01.08.2024 18:16

    Апартманите ги користиме секое лето кога доаѓаме во Охрид бидејќи се чувствуваме како да сме дома. Се е чисто и опремено со се што ви треба за време на одморот.Кујната е целосно опремена и не ви треба ништо да носите од дома.Бидејќи е во централното подрачје не ви треба автомобил за прошетка низ градот. Автомобилот ви стои во дворот и секогаш е на сигурно.Домаќините се прекрасни и секогаш достапни.Кога има потреба и ќе ве прошетат по градот. Топло ви ги препорачувам за убав одмор во Охрид.