Уникатна вила со пространо дворче во Долно Коњско
4,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена од ноќевање во апартман за 2 возрасни од 4.500 денари за едно ноќевање
- Цената може да биде повисока во сезона и за празници
- Цената варира во зависност до периодот и бројот на ноќевања
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Секој апартман има сопствена кујна која е комплетно опремена за готвење. Во дворот има и летна кујна која е исто така комплетно опремена. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата располага со 6 апартмани и 6 соби.
Апартманите се организирани со брачен кревет и еден единечен кревет, а по потреба во секој апартман може да се додаде уште еден единечен кревет.
Собите се различни по капацитет: соби со 4 кревети, соби со 3 кревети, соби со 2 единечни кревети и соби со брачен кревет.
Секој апартман нуди:
Комплетно опремена кујна со сите потребни садови и прибор за готвење
Приватна бања со хигиенски средства (тоалетна хартија, пешкири, течен сапун)
Wi-Fi интернет
ТВ
Тераса
Дополнителни содржини во вилата:
Приватен паркинг
Голем уреден двор
Летна кујна
Скара
Секој апартман има сопствена целосно опремена кујна, а дополнително гостите можат да ја користат и летната кујна во дворот.
Локација и околина:
Во непосредна близина има голем маркет со широк асортиман на производи, како и два ресторани. Плажата е на само 2 минути пешачење.
Околината е тивка и мирна, идеална за целосен одмор и релаксација.
Check-in: 11:30 часот
Check-out: 10:00 часот
Клучот се подига лично од сопственикот на објектот.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Irina dapcevska
06.04.2025 19:17
Zdravo, bi sakala da bideme vo vasata vila vo period os 18-21.04.2025 cetiri nokevanka. Kolku bi ne cinela cela vila, nie sme parovi so po dve deca? Ve molam.za brz odgovor, pozdrav
-
Даниела Тумбова
21.04.2023 12:12
Ве молам пишете ми контакт мобилен за да се договориме за сместување. Благодарам