Апартмани со поглед на Самоиловата Тврдина
3,400.00 mkd
Вклучено во цена:
- Цени се движат од 1.200 - 3.400 денари зависно од периодот, бројот на ноќевања и бројот на лица кои ќе престојуваат.
- Греење/Ладење
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Се наоѓаат во централно подрачје, на 5 минути пешачење до шеталиштето и пазарот. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Сместувачки капацитет
Студијата се наоѓаат во централно подрачје, на само 5 минути пешачење од шеталиштето и градскиот пазар.
Објектот располага со вкупно 6 студиа, опремени со брачни и единечни кревети.
Секое студио има:
- Сопствена кујна
- Сопствено купатило
- Клима уред
- Wi-Fi интернет
- Телевизор
Кујните се целосно опремени за удобен престој на гостите.
Дел од студијата располагаат со тераса, додека дел нудат прекрасен поглед кон Самоилова Тврдина.
Удобности
Гостите имаат на располагање:
- Бесплатен Wi-Fi интернет
- Приватен бесплатен паркинг во дворот
- Голем двор со летниковец
- Содржини за деца (трамболина, нишалка и лизгалка)
- Простор за остава на велосипеди
Максималниот капацитет на сместувањето е 15 гости.
Локација и околина
Студијата се наоѓаат во мирно маало со куќи, без многу сообраќај, што овозможува тивок и пријатен престој.
Сите студија се комплетно нови, а одличната локација овозможува гостите да не користат автомобил за прошетки низ центарот и лесно да ги посетат главните градски содржини.
Пристигнување и заминување
- Check-in: 12:00 часот
- Check-out: 10:00 часот
Дополнителни информации
- Клучот се подига директно од сопственикот.
- За подолги престои, постелнината и пешкирите се менуваат по потреба.
- Сместувањето не дозволува престој со домашни миленици.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Teodora Velkova
19.01.2026 11:56
Чисто, удобно, домаќините се љубезни и услужливи, што дополнително го направи престојот убав. Со задоволство би го препорачале!
-
Seriban Ismail
09.06.2026 10:22
zdravo nije sme 6 vozrasni i i 6 deca mali po 4 do 6 god koja ke ni bide cenata za 5 nokevana ot 19avgus do 23 avgus moze da znam celi 5 nogevajna
-
Ivica Spirkovski
08.07.2024 19:44
Студио за тројца од 30.7 до 4.8 дали има и колку чини