СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Сместување дуплекс во Битола

Bitola
Цена од:

2,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на станот за една ноќ
  • За повеќе ноќевања цената варира
  • Греење/ладење
  • ТВ/Netflix/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Постелнини/Пешкири

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 15:00
Check Out : 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Првиот кат - Просторна дневна соба, трпезарија и работна соба (open space), балкон и тоалет. Во дневната соба има аголна гарнитура на пуштање, која нуди удобно место за спиење за 2 возрасни лица.

Вториот кат - Се состои од две соби. Првата соба има голем брачен кревет и тераса, додека втората соба е опремена со кревет на пуштање и две фотелји. Тука се наоѓа и вториот тоалет.

Во дневната соба има смарт телевизор со Netflix претплата, кабелска телевизија и брз интернет за најдобро искуство. Модерната кујна е целосно опремена со сите потребни апарати за релаксирање и уживање во слободното време, вклучувајќи тостер, кафемат за филтер кафе, електричен бокал, чај/кафе, фрижидер, замрзнувач и многу други додатоци.

Станот располага со сопствен паркинг простор и е опремен со Wi-Fi, за вашата удобност и поврзаност.

Максимален капацитет за престој е 6 лица.

Во околината ќе најдете маркет, ресторани, кафулиња, а градскиот парк е само 5 минути пешачење од сместувањето. Соседството е мирно и тивко, што го прави идеално за релаксирање и одмор.

Check in: 15:00 часот
Check out: 12:00 часот (Во зависност од резервацијата, можно е подолго да останете, доколку има можност за подолга резервација за следните денови)

Клучот се подига директно од сопствениците, кои се достапни во секое време за прашања, помош и сугестии.

Станот е опремен со додатна постелнина која гостите можат да ја користат и заменат кога сакаат. За подолг престој, може да се организира и сервис за чистење, ако е потребно.

Во непосредна близина се наоѓа новото рекреативно место познато како Кај Авионите, и Турското Џапене (тврдина изградена во отоманското време). За љубителите на природата, постои можност за организирање на тури од професионални водичи за посета на врвот Неолица, Големо Езеро, или врвот на Пелистер, зависно од временските услови и вашата кондициска спремност.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, но има простор за оставување велосипеди.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување