СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Вила со Базен во Кучково

Skopje
Цена од:

15,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на вила од ноќ за максимум 10 лица (летен период) со можност за преспивање
  • Цените варираат во зависност од барањата на гостите и ги добивате од сопствениците во целост
  • Греење
  • TV/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вилата се наоѓа во село Кучково на 15 километри од центарот на Скопје. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 10
Кревети : 10
Check In : 11:00
Check Out : 10:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен

Располага со 3 соби (една дневна соба на приземје (50 м2) со кревет на отварање, мал тоалет, камин и пристап до надворешен двор со скара на дрва, фурна на дрва и надворешен базен, игралиште за баскет, детски реквизити); две спални соби (30 м2 и 20 м2 со брачни кревети) и тоалет. Во поголемата спална соба (30м2) има можност за додавање на душек на надувување за спиење по потреба.

Дневна соба со камин, посебен мал тоалет (санитарен чвор и чешма) на ниво со надворешен базен, скара, фурна. Интернет пристап има во сите соби. Во дневната и поголемата спална соба има ТВ. Во двете спални соби има тераси. Во дворот има оградено игралиште за баскет.

Во моментот нема кујна на располагање. Таа просторија се уште не се издава. Откако ќе биде реновирана, во иднина истата да биде дел од понудата за издавање.

Има  пристап до интернет - wi-fi

Има паркинг за едно до две возила, останатите возила може да се паркираат и покрај патот.

КАПАЦИТЕТ: Во зависност од намената. Доколку станува збор за издавање на дневна основа (за забава или прослава) капацитетот е 30-35 гости во зима, 70-80 гости во лето (со користење на дворниот простор). За преспивање, капацитетот е 8 - 10 гости. 2 до 4 лица во големата спална, 2 лица во малата, 2 -4 лица во дневната соба (гарнитура на отварање).

Во околината: Има патеки за пешачење. Од дворот има пристап до брдо, кое од врвот има прекрасен поглед на Скопје од западна страна. Крстот во Кучково кој се наоѓа на 4 км од вилата, односно на 1 час пешачење по асвалтен пат или 8 минута со возило. Манастир ,,Св Ѓорѓи” – Кучково, основан 1346 година. Варовничка карпа Девојачки Камен и голем број цркви.

Станува збор за мирно соседство претежно има викенд куќи.

CHECK IN: Зимскиот период од 11:00h до 18:00 часот и од 18:30 до 01:00h, Доколку е возможно, може и порано да се почне со вечерниот термин во договор со клиентот.

CHECK IN: Летен период од 11.00h до 18:00h и од 18:30h до 01:00h, Доколку е возможно, може и порано да се почне со вечерниот термин во договор со клиентот.

CHECK OUT: Одјавувањето може да биде во зависност од желбата на клиентот.

- Доколку е само забава, истата завршува околу 01.00 ч и се одјавува.

- Доколку е со преспивање, до 10:00h следниот ден.

- Клучот им се дава на рака, во самата викенд куќа.

Моменталниот максималнен број на денови за закуп е 5 денови

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување