Планински куќарки: Планинарски дом Китка

Karadzica
Цена од:

1,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на малата викендичка за 4 лица е 1000 денари
  • Цена за наем на големата вила за 6/7 лица е 2000 денари
  • Греење на дрва
  • Топла вода

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Се работи за вкупно 5 викендички. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 26
Кревети : 25
Паркинг
Чист Воздух

Куќарките се наоѓаат на планината Китка, до каде може да се стигне со џип возила или пеш. Доколку се одлучите за планинарење или пешачење до домот, тимот на Кајак.мк ве советува тоа да не го правите во сопствена режија и без лице професионален планинарски водич кој е запознаен со планината и ќе ве води до сместувањето. Советувајте се со самите домаќини на сместувањето.

Се работи за вкупно 5 викендички.

Две викендички се поголеми и имаат 3 соби каде може да спијат од 6 до 7 лица, поглемите имаат кујна, салон и тоалет.

Малите викендички се со 4 кревети во една соба и имаат кујна, салон и тоалет.

Во сите викендици има топла вода за туш.

Греењето е на огревно дрво.

Check in: Флесибилно
Check out: Флексибилно

Клучот и координации за сместувањето добивате од самите домаќини.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • СНЕЖАНА ДИМОВА

    19.01.2023 07:52

    Иницијативата за оживување на овие предели е за поздравување. Пределот е прекрасен. Како може да се направи иницијатива за да се подобри патот, за да може да се дојде со обичен автомобил? Или да се организира превоз во одредени денови со возила, да може секој да си дозволи да ужива во живописниот предел во секое време од годината и секако луѓе од секоја возраст. Секое добро и благодарност до Кајак што дава можности да си ја запознаеме татковината од друг агол.