Планинарски дом „Караџица“

Karadzica
Цена од:

300.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената варира и затоа ви препорачуваме да се консултирате на телефон
  • Греење
  • Поглед

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт

Планинарскиот дом „Караџица“ се наоѓа на падините на планината Мумџица која е составен дел на планинскиот масив Јакупица која пак го завзема централниот дел на Република Македонија. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 65
Кревети : 65
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Чист Воздух

Планинарскиот дом „Караџица“ се наоѓа на падините на планината Мумџица која е составен дел на планинскиот масив Јакупица која пак го завзема централниот дел на Република Македонија. Со возило патот води од Драчево кон селата Д.Количани-Горно Количани-Црвена Вода-Преслап- потоа кон викенд населбата Мала Река, па кон селото Алдинци каде по неколку километри се пристигнува во домот.

Денес со домот управува спортското планинарско друштво Драчево од Скопје. Од почетокот на нашето управување во домот се извршени доста промени кои одземаат доста финансии, труд и време, почнувајќи од самите соби, главниот салон, прозорци и врати, ставање во функција на две туш кабини, кујна како и хортикултурно уредување на дворот со што п.дом Караџица полека но сигурно го добива ликот кој го заслужуваат сите оние кој уживаат во неговата природа и местоположба.

Домот има капацитет од 15 соби, со 65 кревети. На гостите на располагање им се пондудени кујна опремена со пристојни елементи-прибори, фрижидери и ормани за храна, туш кабини, чиста постелнина, тв со сателитски канали, салон со капацитет од 40 столчиња.

Друштво организира превоз до п.дом Караџица и тоа со поаѓање и враќање од пред шумското стопанство Караџица над бензинската во Драчево. Планинарскиот дом Караџица е еден ако не и единствен планинарски дом кој е отворен за посетителите во текот на целата година. 

Планинарски дом „Караџица“

Управува: Планинарско друштво „Драчево“ - Скопје
Местоположба: под планината Мумџица на 1450 мнв. Капацитет кревети.
Пристап: Пристап по асфалтен пат до Преслап а потоа по шумски пат (на места тампониран).
Раб. време: Домот е постојано отворен.
Основна патека: До Руски споменик, 7,7 км. До Преслап 4,5км.

Споредни патеки на трансверзалата: До план. дом „Даре Џамбас“ на планината Водно, должина околу 26 км.
Останати патеки:
До Салакови езера
По сртот на планината Мумџица.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување