Сместување во дрвени буриња во Црна Гора

Crna Gora
Цена од:

3,690.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената за ноќевање е 60€ од наем за 2 лица
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Струја
  • Опремен тоалет и купатило
  • Целосна координација од домаќинот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Дрвени буриња за 2 лица во Црна Гора. Можете да ги резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со цена, а потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и домаќините.


Макс. Капацитет : 2
Кревети : 1
Check In : 14:00
Check Out : 12:00
Pet Friendly
Паркинг
Чист Воздух

Бурињата се наоѓаат во туристичкиот предел Комови, кој е планински предел и идеален за посета од средина на месец мај до доцна есен.

До сместувањето можете да пристигнете со помал автомобил, а имајте предвид дека 2 километри до сместувањето ќе ги поминете по тампониран земјен пат. Од македонската граница, па преку Косово и се до сместувањето потребни ви се околу 4 часа возење.

Сместувањето се наоѓа на 1750 метри надморска височина.

Во едно буре може да се сместат 2 лица. Секое буре има мал влезен хол и спална соба. Во сместувањето има маса и столчиња кои можете да ги понесете надвор, има мала скара каде гостите може да си подготвуваат храна.

Сместувањето нема Wi-Fi, но има добра мобилна мрежа.

Максималниот капацитет во едно буре е за 2 возрасни лица, а може да се смести со нив и мало дете.

Тоалетот и купатилото се наоѓаат во одвоена куќарка од бурињата.

Сместувањето има простор за паркинг.

Во околината има многу пешачки патеки и прекрасна букова шума.

Сезоната за престој започнува од средината на месец мај до доцна есен.

Клучот од сместувањето се подига од домаќинот Дејан.

Постелнината и пешкирите се менуваат по секое заминување на гостите.

Check in: 14:00 часот
Check out: 10:00- 12:00 часот

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување