Вила Дихово на Пелистер
3,997.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената е за едно или повеќе лица од ноќевање (варира зависно од месецот)
- Паркинг
- Ладење
- Греење
- Појадок
- Wi-FI
Не е вклучено во цена:
- Транспорт
Вила Дихово Ви овозможува вистинско искуство за селски туризам на Пелистер. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вила Дихово ви овозможува вистинско искуство за селски туризам на Пелистер. Таа е лоцирана на 7 километри од центарот на Битола. Вила Дихово е мала селска куќа. Сите соби се со бесплатен бежичен интернет и бесплатен паркинг. Собите во Вилата се декорирани со локални резби и дрвенарија. Оваа куќа го дава вистинското значење на зборот селски туризам. Ова посебен акцент ќе ставиме на храната. Сопственикот на вилата може да ви организира дегустација на домашно вино и пиво кои сам ги произведува, а она што треба да го знаете е дека се што се произведува е на природна основа, без хемикалии.
Што се однесува до активиот туризам кој Кајак го промовира. Во пакет со ноќевање во вилата ви препорачуваме да ги искористите велосипедските патеки за возење велосипед (зависи од сезоната)
Како посебна атракција, со локалните овчари сопствениците на вилата имаат направено договор со кој секој гостин преку денот си има задолжено овца за која самиот се грижи. Ја носи на пасење, ја чува, навечер ја молзи и следниот ден го пие млекото кое самиот го измолзел.
Иста така можете да го посетите и пчеларникот BN за да видите како изгледа производството на еден од најубавите планински медови.
ЛОКАЦИЈА