СУПЕР ДОМАЌИН

Соби во Вевчани

Vevchani
Цена од:

1,100.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена по лице од ноќевање во двокреветна соба e од 1.000 денари
  • Цените варираат во зависност од категоријата на собата
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 18
Кревети : 19
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Гастрономско

За сместувањето

Објектот се наоѓа покрај Вевчанската река, на самиот кеј и на само 300 метри од центарот на Вевчани. Локацијата е идеална за одмор во мирна и природна околина, со свеж воздух и пријатна атмосфера покрај реката.

Соби и капацитет

Објектот располага со вкупно 8 соби:

  • 4 брачни соби
  • 2 брачни апартмани со можност за дополнителен кревет
  • 1 двокреветна соба
  • 1 еднокреветна соба

Сите соби имаат сопствено купатило, опремено со фен, шампон, сапун и туш кабина. Секоја соба има и сопствен бојлер.

Сите соби, освен собите бр. 201 и бр. 202, имаат француски балкон.

Опременост

Секоја соба располага со:

  • Фрижидер
  • Телевизор
  • Wi-Fi
  • Сопствено купатило

Објектот во моментов нема клима уреди поради поволната локација покрај реката и пријатните температури. Сепак, во план е нивно поставување во блиска иднина.

Во собите нема кујна. На располагање има заедничка кујна за целиот објект, која може да се користи по претходен договор.

Паркинг

Гостите имаат на располагање приватен паркинг со капацитет за 5 автомобили, како и можност за паркирање на уште 3 автомобили пред објектот, покрај улицата.

Локација и околина

Објектот се наоѓа во мирно соседство со викендички, покрај Вевчанската река.

Вевчани е познато по својот свеж планински воздух и бројните водени бразди што течат низ селото, создавајќи природно освежување во текот на топлите денови. Прошетката покрај водата и реката е едно од посебните доживувања што ја издвојуваат оваа локација.

Пријавување и одјавување

  • Check-in: Флексибилен, со претходна најава
  • Check-out: Флексибилен, со претходна најава
  • Клучот се подига од лицата одговорни за објектот, во договорено време
  • Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена
  • Домашни миленици: не се дозволени

Што да посетите во околината

Од Вевчани можете лесно да ги истражите природните и културните знаменитости во регионот, меѓу кои:

  • Јанков Камен
  • Голина
  • Горна Белица
  • Струга
  • Охрид
  • Бигорски манастир
  • Тури со јавање коњи

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Разгледајте повеќе сместувања