Планински дом: Јанков Камен: Вевчани
600.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена по лице од ноќевање
- Во зависност од периодот, терминот и бројот на ноќевања цената варира
- Максимален капацитет 7 лица
- Вода за туширање
- Опремена кујна
- Скара на отворено
- Постелнина и пешкири
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- ТВ
- Wi-Fi
Сместување во природа. Домот Јанков Камен се наоѓа на 1250 метри надморска височина, на околу 4.5 километри од центарот на Вевчани или 15 минути со автомобил. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Домот Јанков
Камен се наоѓа на 1250 метри надморска височина, на околу 4.5 километри од
центарот на Вевчани или 15 минути со автомобил.
Домот има две
засеби соби од кои едната со 4, а другата 3 кревети, вкупно 7 единечни кревети. Во вилата нема телевизор и интернет, наменета е да
се препуштите на природата.
Кујната е целосно
опремена со прибор, а има и надворешен дел за приготвување на скара.
Објектот е опкружен со костенова и букова шума, планински
поток на 5 метри покрај самиот планински дом, мало вештачко езерце, уредено излегничко
место, и неколку затскриени тревнати леди за кампување со шатори.
Планинарски дом изграден од камен и дрво, во склоп со околината има WC со туш кабина, комплетно опремена
кујна, полунотворен камин, пријатна свежина дури и во најтоплите летни денови, електричната
енергија се обезбедува преку соларни панели. Панорамски поглед кон прекрасна зелена
широчина со
пикник маси опкружен со висока букова шума од која се слушаат песните на птиците
и жуборот на водата. Прекрасно место за почеток на некоја планинарска авантура.
Околу домот нема
други објекти тивко и мирно место за одмор и релаксација.
Терминот за
сместување е било кое време во текот на денот со претходна најава, но се
препорачува во претпадневните часови.
Терминот на
одјавување е исто така во договор, но се претпорачува да биде во претпадневните
часови.
Клучот го
добиваат од домарот кој е
задолжен за пречек на гостите но со договор може да се престојува и без домар.
Домот располага
со 22 комплет постелнини и пешкири па може да се изврши промена во било кое време.
Планинарскиот дом е центар на повеќе планинарски патеки, од тука може да се тргне на повеќе од 10 бележани планинаски патеки.
Домот дозволува
влез на домашни миленици но не и престој.
Самиот дом има
опција за рент-а-бајк и располага со 5 велосипеди.
ЛОКАЦИЈА