СУПЕР ДОМАЌИН

Апартмани во Охрид комплетно опремени

Ohrid
Цена од:

3,075.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на апартман од ноќ
  • Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Објектот располага со 6 апартмани комплетно опремени. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 30
Кревети : 30
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Апартманите се наоѓаат во центарот на Охрид, во мирно соседство, и се идеален избор за млади парови, семејства и фамилии кои сакаат удобно сместување и можност лесно да ги истражат убавините на градот.

Објектот располага со 6 целосно опремени апартмани. Секој апартман е погоден за сместување од 4 до 5 лица, а вкупниот капацитет на објектот е од 24 до 30 гости.

Сите апартмани имаат:

  • дневна соба со кујна и трпезариска маса
  • спална соба
  • купатило
  • приватен паркинг

Спалната соба е опремена со брачен кревет, гардеробер, фен и пегла.

Дневната соба располага со:

  • целосно опремена кујна
  • аголна гарнитура на развлекување
  • клима уред
  • телевизор
  • Wi-Fi интернет

Кујните се опремени со:

  • електричен шпорет
  • микробранова печка
  • фрижидер
  • електричен бокал
  • прибор за храна
  • чаши
  • комплет чинии

Купатилото има:

  • туш кабина
  • WC
  • машина за перење алишта

Одличната локација овозможува со пријатно пешачење за околу 15 минути да стигнете до Канео, од каде можете да уживате во прекрасниот поглед кон Охридското Езеро. Попатно може да ја посетите и црквата Св. Софија.

Во непосредна близина се наоѓаат и Плаошник и Античкиот театар, каде во летниот период се одржуваат бројни концерти и културни настани.

Check-in: флексибилно, во договор со домаќините
Check-out: флексибилно, во договор со домаќините

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 4 до 5 дена, а доколку има потреба и почесто.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

Клучот се подига директно од сопственикот.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување