Планинско сместување близу езеро: Охрид
3,690.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за 2 лица
- Цена за бунглаов во сезона е 60 евра
- Ладење/Греење
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
- Отворена летна кујна
- Можност за доплата за доручек, ручек и вечера со претходен договор.
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартмани и вили за изнајмување. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Сместувањето се наоѓа над населбата Св. Стефан, во близина
на село Шипокно, на 1.5 км од главниот пат. Патот до вилата е неасфалтиран на
1.2 км, но е прооден со кола.
Објектот располага со 2 соби (една двокреветна со брачен
кревет, друга трокреветна со брачен и единечен кревет), 1 апартман за максимум
5 лица (3 единечни кревети на долниот кат и 1 брачен на горниот кат) и 1
бунгалово за максимум 4 лица (брачен кревет на горниот кат и софа на долниот
кат).
Сите соби имаат приватен тоалет и балкон со поглед на
езерото.
Објектот има летна кујна целосно опремена со скара и фурна,
а во склоп на кујната има и голема тераса.
Достапни се бесплатен Wi-Fi и приватен паркинг. Клучот се
подига од сопствениците, кои ги чекаат гостите на локацијата. Постелнината и
пешкирите се менуваат на третиот ден.
Максималниот капацитет е 14 гости. Сместувањето не дозволува
влез на домашни миленици.
Објектот се наоѓа недалеку од напуштеното село Шипокно, кое
претставува атракција за гостите. Во близина се и село Коњско и село Велество,
на 3 километри, а сите овие места се поврзани со пешачки патеки.
Локацијата е во мирна и тивка планинска област, изолирана од
гужвата.
Соседството е мирно и без галама.
Check-in: 12:00 - 14:00
Check-out: до 10:00 часот наутро
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Александра Илиева
29.05.2022 21:13
Рајот на Земјата Дефинитивно вреди да се посети местово. Тивко, на само неколку км од градот далеку од вревата. Изобилство на природа, место за кое се чувствува дека е изработено со многу љубов. Сопствениците се крајно пријатни луѓе, многу е чисто и има прекрасен поглед кон езерото. 10 ка е малку за местово!!!
-
Зорица Стојанова
12.01.2022 10:05
Чиста 10ка. Прекрасен поглед, убав двор, чисто, пријатно и топло сместување, културни, тивки, гостопримливи домакини. Силно го препорачувам ова сместување, за сите љубители на мирен, изолиран одмор со потполна приватност.