СУПЕР ДОМАЌИН

Вила на кејот на Охридско езеро

Ohrid
Цена од:

3,750.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цена за 2 лица во сместувањето 3.750 денари за едно ноќевање
  • Цена за 3 лица во сместувањето ___ денари за едно ноќевање
  • Цена за 4 лица во сместувањето 4.800 денари за едно ноќевање
  • Цените варираат во зависност од периодот
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 23
Beds : 20
Check In : 14:00
Check Out : 10:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air

Вилата се наоѓа на Кеј Македонија, веднаш на езерската променада во Охрид, и нуди одлична локација за гостите кои сакаат да уживаат во убавините на езерото, градските знаменитости, рестораните и кафулињата кои се наоѓаат на кратко пешачење.

Објектот располага со 8 соби и 1 апартман, со вкупно 20 кревети. Сите единици се комплетно опремени и располагаат со:

  • сопствено купатило
  • фен за коса
  • телевизор со преку 100 канали
  • фрижидер
  • гардеробер

4 соби имаат тераса со поглед кон езерото, додека останатите 4 соби немаат тераса. Апартманот има приватна тераса со поглед на езеро и дополнителна кујна.

Важно е да се напомене дека само апартманот располага со кујна.

Вилата нуди:

  • Wi-Fi интернет
  • обезбедени картички за гости за градскиот паркинг веднаш пред вилата
  • лоби и рецепција
  • дворче кое гостите можат да го користат
  • простор за остава на велосипеди

Максималниот капацитет на сместувањето е 23–24 гости, со вклучени дополнителни лежаи во поголемите соби.

Локацијата е една од најголемите предности на вилата. Се наоѓа во близина на Хотел Палас, во самиот центар на Охрид, опкружена со бројни ресторани, кафулиња и места за прошетка. Најблиската плажа е на само 5 минути пешачење, а гостите можат да уживаат и во капење директно од кејот.

Во непосредна близина се наоѓаат:

  • Луна Парк
  • возење со катамарани до Св. Наум
  • пешачки прошетки низ стариот дел на Охрид

Сместувањето се наоѓа во мирно и пријатно соседство, исполнето со локални фамилијарни луѓе и други сместувачки објекти.

Check-in: после 14:00 часот (доколку собата е подготвена порано, можно е порано сместување)
Check-out: до 10:00 часот

Клучот се подига на рецепција, која работи од 10:00 до 22:00 часот.

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена, а по барање на гостите може да се прилагоди и почесто.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

Греењето е на панелни греалки и клима уреди, додека ладењето е со клима уреди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Јусуф Талевиќ

    16.08.2026 17:31

    Платена соба си ја изнајмиле на странци..?!

  • Tanja Vezenkovska

    11.12.2024 03:01

    18.01 18.30h do 21.01 14h 2vozrasni i deca 15 i 5god Imame potreba od 1/3 studio so balkon kon ezero. Ve molam vkupna cena za 3 noki