Вила во Старо Лагово
3,050.00 ден
Вклучено во цена:
- Наем на просторот на еден ден
- Користење на внатрешноста на вилата при организирање настан
- Логистика
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
- Храна
- Пијалоци
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата се
наоѓа во село Старо Лагово, на само 7 километри јужно од Прилеп. До вилата се
стигнува по асфалтен пат кој води кон познатото Мариово.
Вилата е достапна за организирање на разни фамилијарни,
колегијални и забавни настани, а во блиска иднина ќе биде достапна и за ноќевање.
Располага со капацитет од 150 до 200 гости и
можност за организирање на различни видови на настани. Во дворот на вилата, кој
е на површина од околу 400 м2, распослан е тревник кој е погоден за одржување
на настаните на отворено.
Вилата располага и со сопствен паркинг со капацитет од околу
50- тина возила.
Во вилата достапно е WC.
Домаќините нудат
можност за обезбедување на инвентар (високи и ниски маси и столици,
чаршави, навлаки за столици), како и кетеринг услуги.
Во моментов, гостите на располагање може да ја имаат вилата
комплетно (дневна соба со тарпезарија и кујна, тоалет и спална соба), за помош
при подготовка на настаните (кетеринг, украсување, музика и слично), но без
можност за преноќување. Достапен е и
целокупниот надворешен простор (тревна површина, паркинг, место за фотографирање и мини бина
за музика).
ЛОКАЦИЈА