Хотел Салида - Прилеп
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Салида - Прилеп. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел Салида во Прилеп е еден од најпознатите хотели во градот, нудејќи удобност и квалитетна услуга за посетителите. Хотелот има две локации: Иво Лола Рибар и Орде Чопела.
Хотел Салида – Иво Лола Рибар се наоѓа во јужниот дел на Прилеп, во близина на најголемиот парк.
Хотелот има 4 ѕвезди и располага со 29 соби и 4 луксузни апартмани, со вкупен капацитет од 60 легла.
Секој апартман и соба е опремен со мини бар, кабелска телевизија, телефон, бесплатен Wi-Fi, клима уред и централно греење.
Достапна е 24-часовна собна услуга.
Хотелот има ресторан кој служи интернационална и традиционална македонска кујна.
Рецепција достапна 24 часа
Обезбеден е бесплатен паркинг.
Хотелот дозволува домашни миленици.
Други погодности вклучуваат мини маркет со бензинска пумпа во истиот објект и Wi-Fi достапен во сите јавни простории.
Хотел Салида – Орде Чопела се наоѓа во северниот дел на Прилеп, поблиску до центарот и Факултетот за економија.
И овој хотел има 4 ѕвезди и располага со 12 соби и 2 луксузни апартмани, со вкупно 38 легла.
Сите соби се опремени со мини бар, телевизор со кабелска телевизија, телефон, бесплатен Wi-Fi, клима уред и централно греење, а достапна е и собна услуга 24/7.
Хотелот има ресторан со интернационална и традиционална македонска кујна
Рецепција отворена 24 часа.
Обезбедува бесплатен паркинг.
Хотелот дозволува домашни миленици.
Други погодности се мини маркет со бензинска пумпа и Wi-Fi во јавните простории.
ЛОКАЦИЈА