Викендица опколена со шума
2,150.00 ден
Вклучено во цена:
- Викенд сместување (2 ноќевања, цела вила): 16.134 денари
- Престој преку работна недела (цела вила): 6.465 денари
- Поединечно сместување по соба (по ноќевање): 1.970 денари
- Во цената е вклучено:
- Греење / Ладење
- ТВ / Wi-Fi
- Паркинг
- Можност за изнајмување велосипеди
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Викендицата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
За сместувањето
Објектот располага со 5 соби, од кои 3 спални, една соба за одмор која може да се користи и за спиење, како и целосно опремена кујна. Сместувањето е идеално за поголеми семејства и групи кои бараат мирен престој.
Распоред на сместување
- Првата спална соба има 1 брачен кревет и 1 единечен кревет
- Втората спална соба има 1 брачен кревет и 2 помошни единечни кревети
- Третата спална соба има 2 кревети на развлекување
- Собата за одмор има 2 големи троседи на развлекување
Максималниот капацитет е до 15 лица.
Удобности
Сите соби располагаат со Wi-Fi, клима уред, ТВ и гардеробери. Бањата и кујната се заеднички.
Објектот има приватен паркинг и бесплатен Wi-Fi интернет.
Локација и околина
Вилата се наоѓа во мирна средина без блиски соседи, што обезбедува приватност и тишина. Охридското езеро е оддалечено околу 25 км.
Локално искуство
Гостите имаат можност да консумираат домашна ракија и локален мед, произведени од локалното население.
Погодно за семејства и настани
Сместувањето е погодно за родендени и семејни прослави, а располага и со мал детски забавен парк.
Рекреација
На располагање се 3 велосипеди за изнајмување:
- 1 велосипед 26 инчи
- 1 велосипед 20 инчи
- 1 велосипед 28 инчи
Домашни миленици и велосипеди
Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за оставање велосипеди.
Пријавување и одјавување
Check-in: Флексибилно
Check-out: Флексибилно
Клучот се подига од лице задолжено за тоа.
Одржување
Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 2 дена.
ЛОКАЦИЈА