Апартмани во Охрид

Ohrid
Цена од:

2,152.00 ден

Апартманите се наоѓаат во строг центар на Охрид(кај старата автобуска) веднаш до поштата. На 150 метри од езерото, плоштадот и стариот град.


Макс. Капацитет : 24
Кревети : 24
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цените се движат од 35 до 60 евра од вечер по апартман, во зависност од периодот, апартманот, број на ноќевања.
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Објектот располага со 6 апартмани на иста локација. Распоредот и ист за сите: дневна соба со гарнитура на пуштање за 2 лица, спална соба со брачен кревет за 2 лица, приватно купатило и тераса.

Апартманите се опремени со се што ви е потребно: инвертер клима уред, панел за греење, LCD телевизори, фрижидер, тостер, трпезарија, купатило со туш кабина, машина за перење, пешкири, фен, пегла, итн.

Сите апартмани имаат големи целосно опремени кујни.

Апартманите имаат Wi-FI.

Има бесплатен приватен паркнг во гаража од зградата за сите апартмани.

Максималниот капацитет е 24 лица.

Апартманите се во самиот центар на Охрид, во близина има маркети, продавници, банкомати, ресторани, кафеани.

Сместувањето се наоѓа во центарот на градот, но сепак на мирна локација.

Check in: 13:00 до 23:00 часот
Check out: 10:00 часот, но со можно и покасно доколку нема други гости после вас.

Клучот се подига од сопственикот кој ги пречекува гостите, ги паркира доколку е потребно, и му го покажува апартманот.

Постелнината и пешкирите се менуваат во зависност од потребата и бројот на ноќевања.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за остава на велосипеди.

Контакт за резервација: 077 950 856

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Виктор Стефанов

    25.07.2023 10:51

    Заинтересиран сум за сместување за две особи во периодот од 3 август до 6 август. Дали има место и која би била цената за двајца од вечер.