Две вили во Љубаништа
4,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Најниска цена за ноќевање
- Цените варираат и се опфатени во пакети со детален опис
- Wi-Fi
- Паркинг
- ТВ
- Сопствен двор
- Повеќе детали во самиот опис
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Просторот има две вили во с. Љубаништа, 600 метри од плажата и 2 км до прекрасниот Св. Наум. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилите се наоѓаат во село Љубаништа, 600 метри од плажата и
2 км од прекрасниот Св. Наум.
Двете вили нудат комплетна приватност со засебни дворови и
паркинг. Секоја вила има два спрата. На горниот кат има три спални соби (две со
брачен кревет 160x200, со сопствена тераса и поглед кон езерото, и една соба со
два кревети на спрат) и тоалет.
На првиот кат се наоѓа дневна соба со телевизор (повеќе од
100 канали и неограничен брз интернет), софа, комплетно опремена кујна со
најсофистициран прибор за јадење и готвење, фрижидер, шпорет, тостер, тостер за
печење леб, блендер, сад за загревање вода и други потребни апарати, тоалет со
туш и пространа тераса со поглед на езерото.
Една од вилите располага со сопствен летниковец, простор за
сончање со четири лежалки, маса за ручање со скара, чешма, голем чадор и
додатен тоалет со туш и машина за перење алишта.
Другата вила има многу пространа тераса со маса за ручање и
скара, која по скали се слегува во градината, опремена со маса и столици за
релаксација, во уредена градина со трева и многу цвеќиња.
Во гаражниот дел на вилата има и машина за перење и сушење
алишта. Двете вили имаат сопствен паркинг за две возила по вила (вкупно 4
возила).
Вилите се опремени со неограничен интернет, повеќе од 100 ТВ
канали, сопствен паркинг, платен паркинг во кампот Љубаништа за две возила по
вила и камп за складирање на плажни реквизити. Дополнителните содржини
вклучуваат машина за перење алишта, фен, пегла и даска за пеглање, комплетно
опремена кујна и Intex базен.
Кујната е опремена со луксузни чинии и прибор за јадење,
помали и поголеми тенџериња и тави, тава за палачинки, ренде, цедилки, отварач
за вино, чаши за вода, вино, пиво, ракија и други апарати.
Вилите нудат неограничен брз интернет (Wi-Fi) и повеќе од
100 ТВ канали.
Максималниот капацитет е 6+2 лица по вила (со две помошни
легла во дневната соба, но тоа не се препорачува).
Околина: Камп Љубаништа со најубавата плажа на Охридското
Езеро со ситен песок, Св. Наум манастир со комплекс на ресторани и прекрасен
амбиент, Национален парк Галичица, Албанија е 5 км оддалечена со голем избор на
рибни ресторани со морска храна и пристапни цени, селото Трпејца е 8 км далеку
со прекрасни ресторани и таверни кои нудат локална храна, риба, ѓомлезе и убави
плажи.
Вилите се издаваат целосно и нудат целосна приватност,
опремени со високи стандарди.
Како сопственици кои патувале низ светот, се трудиме нашето
искуство да го преточиме во оваа просторија за целосна релаксација и удобност,
осигурувајќи се дека ништо нема да недостасува за нашите гости.
Вилите се сместени во многу тивка област со мирни и
образовани соседи. Позади нив се простира планината Галичица, а пред нив
Охридското Езеро.
Областа е тивка. Соседите ја почитуваат природата и
спокојот.
Гостите се сместуваат во 14:00 часот.
Гостите се одјавуваат во 09:00 часот.
Клучот го добиваат од домаќините, кои приредуваат топло
добредојде со мала закуска, музика и комплетно објаснување за сите детали во
врска со користењето на вилите. Постелнината се менува на секои седум дена, а
објектот целосно се чисти, додека нови пешкири се даваат на секои три дена.
Вилите се опремени и со брендирани козметички средства како шампон, гел за
туширање и сапун.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Јован Велковски
08.01.2023 21:26
Вилата е супер, домаќините гостопримливи, 10/10 препорачувам!
-
Mishevski
08.01.2023 21:21
Прекрасно место за одмор,со преубав поглед на одлична локација.Голем паркинг простор,комоција и одлични домаќини.
-
Marija Dimovska
08.01.2023 21:12
Вилата се наоѓа на прекрасно место.Терасата има поглед на езеро.Максимално опремена,обрнувано внимание на секој детал за убав амбиент.Хигиената на високо ниво.Топло препорачувам :)
-
Darko Milanovski
08.01.2023 20:50
Одлична хигиена и максимално искористен простор. Една од најдобрите вили во регионот
-
Билјана Исијанин
26.06.2021 21:20
Здраво, Дали вилата е слободна во периодот од 10 до 17 јули или од 5 до 12 август и дали може престој со куче?