Планинарскиот дом Папрадиште
250.00 ден
Вклучено во цена:
- Фиксна цена за ноќевање по лице
- Греење
- Wi-Fi
- Заедничка кујна
- Заеднички тоалети
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до домот
- Храна
Има туш кабина на солатен колектор и два заеднички тоалети. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Планинарскиот дом се наоѓа во центарот на мијачкото село
Папрадиште, на 8 км од Железничка станица Богомила во Општина Чашка.
Има вкупно 5 соби, со оптимален капацитет од 35 кревети.
Најмалата соба е со 4 единечни кревети, а другите се
комбинација од спратни и единечни кревети.
Собите се едноставни и минималистички. Имаат само кревети и ѕидни закачалки.
Има комплетно опремена кујна и трпезарија со плински шпорет
и шпорет на дрва. Располага со комплетен кујнски прибор за готвење.
Има туш кабина на солатен колектор и два заеднички тоалети.
Домот е опремен
со Wi-Fi.
Нема приватен паркинг. Има селски паркинг на 30 метри
оддалеченост од домот.
Максимален капацитет е од 35 до 38 луѓе.
Најблиску е село Нежилово на 2.4 км до каде има маркирана
планинарска патека. Најблизок
планинарски дом е Чеплес (2ч)
Најатрактивни врвови се Даутица (2178мнв), околу 3.5 до 4 часа во правец и Солунска Глава (2540)
околу 5 до 6 часа.
Питомо и тивко соседство составено претежно од стари лица.
Check in: Флексибилно
Check out: По договор во зависност од бројот на гости.
Има домаќин/ домар задолжен за сместување на гостите.
Претходна најава по телефон.
Доколку гостите
останат подолго од 7 дена се менува постелнината и пешкирите.
Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, освен во дворот. Домот има простор за остава на велосипеди.
ЛОКАЦИЈА