Контакт: 071 305 416
Ресторанот „Виа Игнација“ повеќе од 30 години претставува синоним за одличен вкус, гурманска храна и највисоки угостителски стандарди. Се наоѓа во непосредна близина на вевчанската река, среде недопрената природа. На посетителите им нуди богато традиционално мени, во стилски дизајниран амбиент, со капацитет од 120 седишта и тераса со капацитет од 150 седишта.
Располагаат со широка полјана, фарма за полжави, рибник, сопствен уреден паркинг, градина во која се одгледува здрава храна.
Во прекрасната природа е сместена и мини зоолошката градина во која посетителите можат да видат разни видови на птици, срни итн. Детскиот парк за вашите најмили е неограничено место за слобода и игра каде што децата ќе се препуштат на својата фантазија и уживање. Ресторанот е препознатлив по многуте специјалитети, меѓу кои најпознати се:
- Производите од тесто какви што се вевчанскиот традиционален “виткалник” и “комат”;
- Вевчанската скара подготвена од одбрано месо;
- Полжавите “А ЛА ВИА” кои се одгледуваат во ресторанската фарма;
- Свинското месо подготвено на традиционален начин под сач;
- Свежата риба, одгледана во ресторанските рибници
Имајќи го во предвид споменатото, наспроти динамичното секојдневие, “Виа Игнација” е одличен избор за вашиот одмор, за прекрасни семејни ручеци, прослави, конференции или за конгреси. Водејќи се од потребите на гостите, Ресторанот Виа Игнација располага и со апартманско сместување од највисока категорија.
ЛОКАЦИЈА