Пупина Куќа: Вевчани

Каде во Вевчани? Разговарај на Viber Јави се на телефон

“Пупина куќа”, еден од најпознатите објекти на стара македонска архитектура се наоѓа во строгиот центар на Вевчани.

Низ старата зачувана дрвена порта што ја крепи со децении авлијата ѕидана од скромните, но вредни домаќини ќе влезете во целосно обновената спомен куќа на светски познатиот научник Михајло Пупин, што е комбинација на сместувачко-угостителски објект и музејска поставка за животот и за делото на исклучителниот научник. Денес реновирана со зачувани елементи на камен и дрво, дрвена порта, скалила од костеново дрво и соби со автентичен мебел и покуќнина, освен што е удобно одмаралиште, истата е историско катче кое ја чува и претставува вистинската приказна за семејството Пупин. Ресторанот „Пупина Куќа“ ви нуди удобен смештај во 3 простории уредени во традиционален стил.

Што да јадете? Домашни вевчански специјалитети

Адреса: с.Вевчани, Струга

Телефон: 070/212-560, 071/305-486

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар