Гостите на “Кутмичевица” ќе можат да ги вкусат традиционалните македонски јадења, сплотени со локалните вкусови, во голема сала со 70 седишта и прекрасна надворешна тераса со 30 места.
Пансионот “Кутмичевица” го промовира богатото историско и
културно наследство на Вевчани. Оваа реставрирана куќа, изградена во далечниот
19-ти век ја задржала својата оригиналност, се сплотила со автентичниот мебел и
традиционален амбиент и продолжува да ја пренесува долгата историја. Пансионот
Кутмичевица им нуди на своите посетители искуство што нема да го доживеат на
ниедно друго место – да бидат дел од несекојдневната традиција и обичаи,
сведоци на една неискоренета култура и долговековна автентична архитектура,
како и на прекрасната панорама на околните планини, села и градови.
Ресторанот целосно ја искористува предноста на комплетно
незагадената и богата земја во околината, за одгледување и производство на
разновиден органски зеленчук и овошје. Ресторанот исто така поседува сопствени
лозови насади, од кои произведува квалитетновино и домашна ракија, кои им се
достапни навистинските љубители на традиционални пијалоци.
Гостите на “Кутмичевица” ќе можат да ги вкусат
традиционалните македонски јадења, сплотени со локалните вкусови, во голема
сала со 70 седишта и прекрасна надворешна тераса со 30 места.
Во склоп на ресторанот има двокреветна и трокреветна соба
уредени во етно стил, а истовремено во спој со сите модерни потреби за удобен
престој како клима уред, кабловска телевизија, wi-fi, засебно купатило и тераса
со прекрасен поглед.
Што да јадете? Органска и свежа храна, риба, вевчански
домашни специјалитети.
Адреса: с.Вевчани, Струга
Телефон: 046/798-626; 070/249-197
email: [email protected]
ЛОКАЦИЈА