West Side: Вевчани

Каде во Вевчани? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Тимот на Кајак.мк разговараше со Стефан, кој како млад менаџер ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк.

Десеттата гастро дестинација во Вевчани е „West Side“ кој е ново отворено катче во срцето на Вевчани и е поразлично од останатите традиционални локални ресторани кои можете да ги погледнете на платформата Кајак.мк.

Тој вели дека барот постои од 2021-ва година, а денеска е втор дом на локалната младина која ја користи терасата на барот за целодневно уживање со прекрасен полгед кон Јабланица.

Покрај пијалоците кои се служат, овде може да се најдат и бугери, палачинки, разни брзи и лесни јадења и благи специјалитети.

Омилено јадење на гостите им е бургерот со сланина, а од благите специјалитети овде е „Вест Сајд“ палачинката.

Барот има капацитет со 6 маси во внатрешниот дел и 10 маси на надворешниот дел кој нуди прекрасен поглед кон Јабланица и реката.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар