Стара Воденица Октиси

Каде во Вевчани? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ресторанот „Стар Воденица“ од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Домаќинот Томор кој ни ги отвори портите за светот на Кајак.мк вели дека ова место е своевидна зелена оаза која се наоѓа помеѓу Октиси и Вевчани.

Уникатноста на самиот ресторан е местоположбата. Од едната страна се падините на Јабланица, а низ самиот ресторан помионуваат дел од вевчанските води кои призведуваат спокоен жубор додека вие уживате во вкусната храна.

Овој регион е познат по локалните специјалитети кои се подготвуваат на традиционален начин и според старите рецепти. За оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот, тимот на Кајак.мк ги советува да вкусат јагнешки и телешки ребра во фурна, воденичарска плескавица со кајмак. Овде може да се вкусат и селски предјадења како кашаник, пиперки во кајмак, ајвар, макало и уште неколку предјадења, а за десерт исклучиво домашно благо.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар