Контакт за резервации: 072 255 546
Весна е наша нова
локална хероина која живее за Лесново. Оние кои го посетиле нејзиното дворче и
уживале во вкусната домашна храна која таа со свои раце секојдневно ја
подготвува знаат за каква среќна и позитивна приказна денеска ви раскажуваме.
Во дворчето на Весна
веќе подолго време гостуваат разни домашни и странски туристи, групи
амбасадори, фамилии со деца кои сакаат чист воздух, природа и здрава храна.
Ова коешто досега
ви го споменавме е доволна причина да ја отворите нашата база на „Гастономија“ во
која ќе најдете контакт од Весна и да резервирате присуство на некој од
нејзините часови по готвење или пак да резервирате своја маса во зелениот двор.
Дворчето на Весна
се наоѓа наспроти Лесновскиот манастир на околу 1000 метри пешачење. Во
дворчето има летниковец кој има капацитет до 35 лица, но како што вели Весна,
гостите преферираат да уживаат на зелената ливада. До дворчето на Весна има
неколку патокази по кои може да се
ориентирате за полесно да пристигнете.
Таа вели дека со
туризам се заминава уште од 2008-та година, кога започнале на друга локација во
селото, но поради развој на идејата, во 2016-та година го градат денешниот
летниковец во дворот од нивната куќа и денеска низ смеа таа вели дека “работи
од дома“.
Идејата да започнат
со нешто вакво била на нејзиниот сопруг Зоран, а поддршка добиле и од нејзините
деца, па и затоа велат дека станува збор за семеен бизнис.
Весна додава дека
имаат отворено книга за впечатоци која е полна со позитивни коментари, а има и гости коишто ги посетуваат и по повеќе пати што е доказ дека се задоволни
од нивната услуга.
Најчесто готват традиционална храна, сукано,
слатко од плодови што ги има во Лесново, домашни сокови, домашна препечена
шливова и лозова ракија и салати од зеленчук што сами си го одгледуваат во нивната бавча.
Весна вели дека храната,
слаткото и соковите ги подготвува таа,
а скарата и ракијата му ја пропушта
на нејзиниот сопруг.
ЛОКАЦИЈА