На само 300 метри од манастирот Св. Архангел Михаил во прекрасно опкружување со борова шума се наоѓа Ловен дом Берово.
Гастро
дестинација која нуди вкусна храна и
одлично сместување, а која во своја непосредна близина има обележани
планински патеки со различна
должина за пешачење и возење велосипед, што на некој начин ви го комплетира цел
викенд исполнет со активности надвор од вашиот дом.
Ловен дом Берово од денес е дел од светот на Кајак.мк, а
домаќините кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека гостите во нивниот дом уживаат во вкусните
традиционални малешевски јадење и деликатеси од диво месо. Јадењата кои се
служат овде се одраз на богатото кулинарско наследство на малешевскиот регион,
а самиот менаџмент е целосно посветен на зачувување и славење на овие традици,
вели Јана која е дел од менаџерскиот тим на Ловен дом Берово.
Ловен дом Берово има свое сместување. Објектот располага со шест модерни соби кои нудат прекрасен поглед кон градот и боровата шума. Сместувањето е оддалечено 5 кимолетри од Беровско езеро, а околината каде што се наоѓа домот е пријатна и мирна.
Контакт за резервации: 075 392 325
ЛОКАЦИЈА