Ресторан Манастир: Берово

Каде во Берово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Во најголемиот дел од гастро локациите кои секојдневно никнуваат во регионот на Берово ќе најдете традиционална храна која се подготвува според старите рецепти на нашите прабаби.

Во најголемиот дел од гастро локациите кои секојдневно никнуваат во регионот на Берово ќе најдете традиционална храна која се подготвува според старите рецепти на нашите прабаби. Малешевскиот крај нема никогаш да ви биде досаден од аспект на вкусната храна која можете да ја комбинирате со чистиот воздух, тишината и мирот кој го нудат планинските височини.

Како предлог гастро дестинација за денеска ви го потенцираме ресторанот „Манастир“ кој е во склоп на хотелот Манастир, а може да се ужива и за гостите кои не престојуваат таму.

Во одличен амбиент и со разни традиционални специјалитети, овде можете да уживате во вниската храна од свежо набраното овошје и зеленчук.

Уникатноста на ресторанот е тоа што служи био традиционални специјалитети како: манастирското сирење, качамакот со клиси, малешевската тава, макалото во кокла леб, зелникот, овчарската салата и ред други специјалитети.

Контакт за резервација: 033279000

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар