Ресторан Текила: Владимирово

Каде во Берово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ако некогаш барате уникатна локација која ја немате посетено, можеби селото Владимирово во Беровско ќе биде иделаната дестинација за вас.

Познато по „Илиденските средби“ во ова село живее доста гостопримлив народ кој дефинитивно ќе ви остане на листата на нови познаници кои ќе сакате повторно да ги посетите.

Во самото селце се наоѓа уникатниот ресторан со уште поуникатно име „Текила“. За него локалните мештани велат дека се уште може да се вкусат разни локални специјалитети, а често на менито може да се сретна разни специјалитети од свежи локални печурки.

Ресторанот е отворен во далечната 1991 година во познатото беровско село Владимирово кое буквално има „повеќе доктори на науки по глава на жител од било каде во Македонија“.

Некогаш само мала семејна кафеана која ја предводи мајсторот Кирил Царовски, а денеска центар на добрата кујна и скара, за кое гастро место многумина ќе речат обележје на Малешевијата.

За околните беровски села и градот Берово, престиж е да се оди на ручек или на вечера овде.

Локалните мештани велат дека овде владее сплотеноста, љубезноста и гостопримството. Текила ја сметаат како центар на социјалниот живот, каде што има прекрасна дружба и кадешто има вкусна малешевска скара.

За оние кои ќе се одлучат да го посетат селото Владимирово и ресторанот „Текила“, ние ги советуваме да вкусат: Свежо месо на плотна, полнето пилешко со сланина, пастрмалии, шаркса плескавица и локален зеленчук на скара.

Контакт за резервации: 033 447 343

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар