Ресторан Иц-Иц: Смрдлива Вода (Здрава Вода) Кожуф
Каде во Гевгелија Разговарај на Viber Јави се на телефонРесторан Иц-Иц: Смрдлива Вода (Здрава Вода) Кожуф, Ресторан кој ќе ви ги наполни батериите, а и стомакот. Резервации на: 071 655 001
Тимот на Kajak.mk секогаш ви ги претставува најдобрите места
кои дефинитивно мора да ги посетите во текот на оваа сезона, а годинава – без
никаква дилема – мора да го посетите ресторанот Иц-Иц.
Сместен на прекрасната Кожуф планина, на околу 30 минути од Гевгелија,
во туристичката викенд населба Смрдлива Вода – или како што ние би ја нарекле
„Здрава Вода“ – овој ресторан нуди искуство што не се опишува, туку се
доживува.
Покрај течењето на реката Сливка се наоѓа ресторанот
„Иц-Иц“, место каде природата и гастрономијата се спојуваат во едно совршено
доживување.
Зошто оваа туристичка населба ние би ја нарекле „Здрава
Вода“? Бидејќи токму овде извира една од најздравите минерални води во
Македонија, која локалните жители ја нарекуваат „Смрдлива Вода“, поради сулфурни
соединенија (како водород сулфид).
Тоа е истиот оној мирис што многумина го опишуваат како
„расипани јајца“, но всушност е знак дека водата е богата со минерали и има
лековити својства.
Затоа мораме да кажеме дека, Смрдлива Вода е место кое буквално
ве лекува со водата, кислородот и густата шума.
Ресторанот Иц-Иц моментално работи само за викенди, но
нашиот совет е да се јавите на 071 655
001 – можеби ќе имате среќа и ќе ве пречекаат и во текот на неделата.
Она што го прави Иц-Иц навистина посебен е неговата
локација. Во самото дворче тече чиста, бистра планинска река. Звукот на водата,
ладовината од густата шума и свежиот воздух – тоа е комбинација што ќе ви ги
наполни батериите подобро од било кој спа центар.
А храната? Токму онаа поради која ќе сакате да се вратите
повторно и повторно. Во Иц-Иц се служат традиционални македонски специјалитети
подготвени на автентичен начин – сочни меса на скара, јагнешко под сач, свежа
пастрмка, домашни сирења, кајмак и топол, штотуку испечен леб. Секој залак е
комбинација од планинска свежина и домашен вкус кој ве враќа во детството.
Велат дека една секунда помината на „Смрдлива Вода“ ви го
продолжува животот за 10 нови секунди. И кога ќе дојдете тука – ќе разберете
зошто. Бидејќи овде не само водата, туку и воздухот лечи. Густата, бујна шума е
вистинска кислородна бомба – без индустрија, без бучава, без загадување.
До „Смрдлива Вода“, односно по нашки „Здрава Вода“, се
стигнува лесно. Патот е целосно асфалтиран – доволно е да пристигнете во Гевгелија
и по само 30 минути возење веќе сте во сосема друг свет: планина, тишина и
ресторан кој ќе ве освои на прв поглед.
Ова не е само место за ручек. Ова е место каде се бега од
реалноста. Место каде се дише со полни гради. Место каде се враќате повторно.
Локација на линкот: https://maps.app.goo.gl/PqCtgprrJbq2Mj7S6
ЛОКАЦИЈА