Денеска произведуваат 4 сорти на вино: Вранец, Рајнски Ризлинг, Темјаника и Смедеревка. Горди на своите вина, Силвана вели дека нема да запрат со производството и иновативноста овде.
Среќни сме што ќе ве запознаеме со Силвана, жената која стои позади неготинскиот бренд „Цветановиќ“ и која заедно со нејзиниот сопртуг Лазар, одлучуваат да го направат храбриот чекор и да му стават официјален печат на брендот и да им докажат на домашните конзуматори дека малите семејни винарии знаат како да произведат квалитетно македонско вино.
Виното од винарија Цветановиќ можете да го купите дирекно од бакалницата на Кајак.мк со еден клик ОВДЕ, секое купено шише е поддршка за оваа мала семејна винарија.
Официјално се регистрирани во 2020-та година како семејна винарија „Cvetanovikj Winery“. Денеска произведуваат 4 сорти на вино: Вранец, Рајнски Ризлинг, Темјаника и Смедеревка. Горди на своите вина, Силвана вели дека нема да запрат со производството и иновативноста овде.
Силвана раскажува дека историјата на винаријата започнува од нивниот дедо и татко кои се занимавале со лозарство и произведувале вино и ракија за своја душа. Главната причина да ја разработат приказната на „Винарија Цветановиќ“ е освоената награда за Вранец во 2019-та година.
Виното го произведуваат од сопствени лозови насади кои се на површина од 2 хектари на надморска висина од 150-200 метри. Истите се наоѓаат во Криволак- Неготино, каде што е стационирана и самата винарија. Капацитетот на винаријата е 2500 лиетри, со можност за зголемување на 5000 литри.
ЛОКАЦИЈА
*The exact location will be provided after making a reservation. We share the location after reservation confirmation to avoid unbooked guests arriving and disturbing those currently staying.