Macedonian Distillery: Brandy from Negotino

Каде во Неготино?

Dimche says that they expect many excellent brandies, many awards and gold medals with satisfied customers.

Димче ни раскажува дека семејна традиција во печење ракија во неговото семејство датира од далечната 1972 година, кога неговиот дедо започнува со кроењето на лозовата приказна. По неговиот дедо, аманетото го наследува неговиот татко, а денеска Димче е тој кој ја продолжува приказната.

„Кај нас отсекогаш имало строг принцип во печењето ракија. Таа мора да биде чиста и природна лозова ракија и да биде природно обоена со дрвца и коскести плодови. Никогаш не би помислиле да користиме вештачки ароми и бои“, вели Димче и додава дека сето ова го забележуваат многу нивни редовни муштерии.

Некаде во 2018-та година ги наследува лозовите насади и започнува самостојно да пече ракија. Ракијата се произведува исклучиво од лозовите насади на семејството Наумови, а причината поради која започнале да печат ракија во поголеми количини бил слабиот откуп на грозјето, но и успесите кои ги стекнале на неколку натпреварувања.

На самиот почеток, кога Димче ги наследува лозовите насади, започнал да произведува неколку видови препечена ракија, која при постојаното дегустирање со тек на време, сфатил дека колку подолго созрева, така вкусот, бојата и аромите станувале се поимпресивни. Со тоа Димче одлучува да испрати своја ракија на оценување на еден натпревар, каде на негово пријатно изненадување освојува златен медал. Ваквата награда го поттикнува да испрати ракија во Србија на голем интернационален натпревар, каде повторно освојува златен медал во жестока конкуренција. Успехот за Димче било главен мотив да отвори своја дистилерија.

„Друг значаен мотив кај мене е што имам порив, покрај многуте сквернавења кои се прават на ракијата од страна на производителите кои само сакаат да продадат литража, јас сакам да му понудам на крајниот конзумент чиста ракија со природни ароми. Секогаш кога ќе им испратам ракија на моите клиенти, нивните реакции се: Што сме пиеле досега? Ваквите коментари нас не поттикнуваат да се вложиме во квалитетот“, вели Димче.

Од 2018 до 2022 година работеле на повеќе видови препек ракија. Некои ги зрееле во дабови буриња, а работеле и на златно наградениот препек кој зрее со неколку типови на дрвца и еден стар семеен рецепт кој таткото на Димче го развивал во текот на годините.

Заедно со дестилеријата, се основа и се развива и винаријата Енох. Вино го произведуваат на исто така стар и домашен начин, без технологија. Димче вели дека за среќа успеваат да напрват убаво вино. Годинава за првпат имале успешно производство на Шардоне од сопствен лозов насад кое е лесно вино и може да се конзумира во разни количини.

Димче се стреми во иднина да произведуваат поголема количина на Шардоне, црвено Мерло и бело Р'кацители вино, кои сите ќе бидат од сопствени насади. Работиме на тоа да направат и катче за дегустација, во една стара просторија, ѕидана од камен за кое се надеваат дека ќе го постигнат во блиска иднина.

Лозовите насади на Енох се наоѓаат во село Пепелиште, Неготинско, каде се наоѓа и дестилеријата и винаријата, каде и се одвиваат работите. Објект за дегустација имаат во централното подрачје на градот Кавадарци на ул. Иљо Костов бр. 4

ЛОКАЦИЈА

*The exact location will be provided after making a reservation. We share the location after reservation confirmation to avoid unbooked guests arriving and disturbing those currently staying.

Leave a Comment