Дестилерија Царева
Храна и пијалоци660.00 ден
Македонска ракија од слива, грозје и јаболка. Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број. Цената на доставата се движи од 80-150 денари за цела пратка.
Дестилеријата се наоѓа во Клименштани- охридски регион кој е познат по производството на квалитетно грозје и овошје и каде природните услови се идеални за одгледување на овошје. На надморска висина од 700 метри, овој предел има природна киселка почва што придонесува за квалитетна ракија.
Семејството Димитриески обработува земјиште од 25000 м2, на кое има засадено грозје од сортата жуплјанка, хамбург, рекацители и прокупец, сливи од сортата стелни и лепотица, јаболка од сортите златен и црвен делишец, ајдарет и јонаголд.
Дестилеријата произведува неколку типови ракија и тоа: Ракија од грозје ,слива и јаболко; бели и жолти. Белите се 50 степени, а жолтите 40-43 степени. Главниот рецепт е стариот, традиционалниот рецепт преку кој моите дедовци произведувале ракија, но имаме додадено и наши иновации кои придонесуваат за вкусот и квалитетот на ракијата.